07-08 Привју: ЊУЈОРК - Дебелите во контрола на рекетот
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК
ЊУЈОРК НИКС
Мнозински сопственик: “Кејблвижн”
Претседател: Ајзеа Томас
Генерален менаџер: Ајзеа Томас
Арена: “Медисон Сквер Гарден”, отворена на 11.02.1968 год.
Капацитет: 19 763 гледачи
Вредност на клубот: 543 мил. долари (1. во лига)
Историја:
Сезони: 61
Плеј-оф пласмани: 39
Пласмани во финалето: 8
Титули: 2 (последна - 1973 год.)
Најдобра сезона: 1969-70 со скор 60-22
СЕЗОНА 2006-07:
33 победи и 49 порази
Плеј-оф: Не се пласираа
Постигнати поени: 97.5 (16. во лига)
Примени поени: 100.3 (20.)
Шут од игра: 45.7% (18.)
Стрелец: Е. Кари 19.5
Скокач: Д.Ли 10.4
Асистент: С.Марбери 5.4
Дојдоа: Зек Рендолф, Ден Дикау и Фред Џонс (Портланд), Џаред Џордан (Клиперс), Деметриус Николс и Вилсон Чендлер (драфт)
Заминаа: Стив Френсис и Ченинг Фрај (Портланд), Келвин Кејто (слободен), Ден Дикау (Клиперс)
Прва петорка: (замени)
плеј - Стефон Марбери (Н. Робинсон)
бек - Џамал Крафорд (Ф. Џонс)
н.крило - Квентин Ричардсон (Р, Болкмен)
в.крило - Зек Рендолф (Д. Ли)
центар - Еди Кари (Р, Морис)
Тренер: Ајзеа Томас
Анализа:
Пред стартот на секоја нова сезона за Никси се даваат истите оценки од типот “Имаат талентиран тим, но доколку не научат да играат заедно и играат одбрана, и понатаму нема да бидат дел од плеј-офот”. Истото може да се каже и сега.
Ова лето тие добија големо засилување во крилниот центар Зек Рендолф кој им дава 20 поени и десет скокови во просек на секоја средба. Тој, заедно со Еди Кари би требал да формира еден од најопасните тандеми во рекетот во лигата, но многумина се сомневаат во тоа. Причина за тоа пред с$ е фактот што и двајцата ја сакаат топката во свои раце под кошот и што и двајцата се во најмала рака сомнителни дефанзивци. Минатата сезона Никси беа едни од најслабите тимови во одбраната и доколку сакаат да се борат за висок пласман тие ќе мора да се поправат во тој сегмент. Но,тоа ќе биде тешко со оглед на тоа дека најдобрите дефанзивци им се резервисти (Ли, Џонс, Болкмен,. Џефрис). Можеби паметно за Ајзеа Томас ќе биде да му даде поголема минутажа на Ли, кој е еден од најдобрите скокачи во лигата и играч кој може да биде од голема помош за тимот без да троши многу топки.
Проблем е и плејмејкерската позиција на која е Марбери, кој како и секогаш е еден од поталентираните играчи во лигата, но и во исто време е непостојан и не е вистински плеј. Вистинска алтернатива за него нема, а на “двојка” ќе стартува Крафорд, кој е сличен тип на играч како Марбери. Никси се пренатрупани на ниско крило, додека немаат вистински решенија на центарската позиција, каде по Кари следен е неискусниот Рендолф Морис.
Во плеј-оф ќе играат ако…
Доколку некако успеат да научат да играат одбрана, Никси можат да бидат многу опасни. Гледано на хартија, плеј-офот е за нив реалност, но има многу прашања на кои ќе треба да одговорат за да стигнат до таму. Покрај одбраната, тоа е и себичноста на поголемиот дел од нивните играчи, во што не заостанува ни засилувањето Рендолф. Марбери, а ни Робинсон не се вистински организатори на играта, така да некој ќе мора да се жртвува за успехот на тимот. Ако се им се посложи, тогаш Никси пак ќе бидат дел од разигрувањето. Но, тоа е едно големо “ако”.
Што велат скаутите…
“Познато е дека Зек може да погоди од дистанца, но ќе биде ноќна мора за нив со двајца високи играчи кои чекаат топка на двете страни од рекетот”…”Но, доколку немаат ги заобиколат повредите можат да бидат опасни од секоја позиција”…”Повеќето тимови ќе ги удвојуваат Кари и Рендолф, затоа што тие ретко враќаат топка надвор. Кари е еден од најлошите додавачи меѓу високите играчи во лигата, така да сигурно е дека постојано ќе биде удвојуван”…”Во одбраната, Кари и Рендолф се многу мрзливи што ќе значи проблеми со лични грешки за нив. Тоа ќе значи повеќе минутажа за Дејвид Ли, што може да се покаже како довро решение”…”Ќе победат на некои средби на кои тоа не се очекува од нив, но и ќе загубат на некои средби на кои не би требало да загубат. Со нив никогаш не се знае на што сте”.
Ѕвезда
Не е лесно да се избере ѕвезда на тимот на Њујорк, пред с$ поради тоа што тие имаат неколку играчи кои конкурираат за тој наслов. Сепак, откако пред стартот на минатата сезона Марбери му кажа на Кари дека Никси се сега негов тим, со право може да се каже дека младиот центар е новата ѕвезда на Њујорк. Кари на зборовите на Марбери одговори на вистиснки начин завршувајќи ја сезоната како прв стрелец на тимот (19.5 поени) и беше доста блиску до место во ол-стар тимот на Истокот.
Сепак, колку што е солиден во нападот, Кари е слаб во одбраната, а и во скокот. Нешто што секако не се бара од еден стартен центар. Сега, со Рендолф како соиграч Кари ќе мора да се навикне да ја дели топката со него, исто како што ќе мора да научи да ја враќа топката откако ќе ја прими на пост.
9 comments October 24th, 2007



