Archive for October 23rd, 2007

07-08 Привју: ЊУ ЏЕРСИ - Последна шанса за Кид

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК
ЊУ ЏЕРСИ НЕТС

Сопственик: Брус Ратнер
Претседател: Род Торн
Генерален менаџер: Ед Стефански
Арена: “Ај-Зод” Центар, отворена на 04.11.1981 год.
Капацитет: 20 039 гледачи
Вредност на клубот: 271 мил. долари (22. во лига)

Историја:
Сезони: 31
Плеј-оф пласмани: 16
Пласмани во финалето: 2
Титули: /
Најдобра сезона: 2001-02 со скор 52-30

СЕЗОНА 2006-07:
41 победи и 41 порази
Плеј-оф: Поразени со 4-2 во 2. коло од Кливленд
Постигнати поени: 97.6 (15. во лига)
Примени поени: 98.3 (13.)
Шут од игра: 45.7% (17.)

Стрелец: В.Картер 25.2
Скокач: Џ.Кид 8.2
Асистент: Џ.Кид 9.2

Дојдоа: Малик Ален, Дарел Армстронг, Роберт Хајт и Џамал Меглор (слободни), Шон Вилијамс (драфт)
Заминаа: Мајки Мур (Сакраменто), Еди Хаус (Бостон), Хасан Адамс и Клиф Робинсон (слободни)

Прва петорка: (замени)
плеј - Џејсон Кид (М.Вилијамс)
бек - Винс Картер (Е Рајт)
н.крило - Ричард Џеферсон (Б.Нахбар)
в.крило - Ненад Крстиќ (Џ. Бун)
центар - Џејсон Колинс (Џ. Меглор)
тренер: Лоренс Френк
Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Анализа:
Според она што во текот на летото можеше да се чуе од Њу Џерси, Нетси на неколку пати се обидоа да направат поголем трејд и да се вклучат во трката по Гарнет или Џермејн О’Нил. Сепак, јадрото на тимот повторно остана непроменето, со акцент на новиот договор на Винс Картер. Ричард Џеферсон е конечно 100% рехабилитиран и подготвен да помогне, иако веројатно и на него малку негативно влијаат сите шпекулации за можен трејд во друг клуб.
Сепак, и покрај големината на Кид, Картер и Џеферсон, факт е дека доколку Нетси сакаат да имаат уште една успешна сезона тие ќе мораат да добијат поголема помош од останатите играчи. Исто така, мораат да бидат малку попостојани од лани,. посебно во одбраната.

Познато е дека Лоренс Френк е тренер кој акцентот го става на одбраната, така да за Нетси да ја играат својата игра на контри за која главен е Кид, тие мораат да имаат добра одбрана од која ќе произлезат тие контри. Одбраната беше сомнителна во текот на разигрувањето и таа е нешто на што ќе мора да се поработи, а од помош би можел да биде засилувањето под кошот, Џамал Меглор.
Токму во рекетот Нетси и ја направија единствената промена каде на местото на Мајки Мур кој тргна по патот на милионите во Сакраменто, дојде некогашниот ол-стар Меглор, како и рукито Шон Вилијамс. Но, и покрај тие две нови имиња најбитен за Њу Џерси е камбекот на Крстиќ, кој ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреда. Кога е тој здрав, Ненад им дава сосема нова димензија на Нетси, посебно во нападот. Повеќе ќе се очекува од Боштјан Нахбар, како и од Џош Бун и Маркус Вилијамс.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Во плеј-оф ќе играат ако…
Повторно, разигрувањето не би требало да биде проблем за Нетси, иако лани поради повредата на Крстиќ мораа да го бркаат во последните два месеци. Кид-Картер-Џеферсон плус српскиот центар се гарант за тоа, но доколку не се подобрат во одбраната исто како и лани максумим ќе им биде втората рунда на Истокот.

Што велат скаутите…
- “Меглор е еден од џокерите на Лоренс Френк, исто како што Мајки Мур беше лани, а Мур беше неверојатен за нив давајќи с$ од себе на теренот. Меглор е покрупен и подобар скокач од својот претходник, но не е и толку активен.”
- “Крстиќ напредува од сезона во сезона, така да ќе биде интересно да се види како ќе се врати по повредата”.
- “И покрај сите засилувања на Бостон, с$ уште мислам дека Нетси го има најдобриот тим во својата дивизија. Тука се Кид, Картер и Џеферсон, а сега го имаат и здравиот Крстиќ во рекетот”.
- “Колинс е потценет дефанзивец. Тој сам успеа да го сопре Крис Бош во првото коло од плеј-офот, а голема предност е кога не морате да го удвојувате најдобриот противнички играч”.

Ѕвезда
Само двајца играчи во историјата на плеј-офот успеале своите настапи да ги завршат со трипл-дабл просек, и тоа легендарниот Оскар Робертсон на четири средби 1962 година и Џејсон Кид на 12 свои настапи во последното разигрување кое го заврши со неверојатни 14.6 поени и по 10.9 скокови и асистенции во просек.
Токму Кид е вистински доказ дека годините не мора да бидат пречка да се игра најдобрата кошарка во кариерата откако со 34 години покажа зошто е еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА. Сепак, прашање кое логично се наметнува е до кога Кид ќе може да биде моторот на Нетси, посебно без вистинска алтернатива да го одмори во текот на сезоната. Едно е сигурно, а тоа е дека Кид на секоја средба дава с$ од себе и дека барем уште една сезона ќе биде најзаслужниот за успехот на Нетси.

5 comments October 23rd, 2007

07-08 Привју: ФИЛАДЕЛФИЈА - Почнува ерата без Ајверсон

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК
ФИЛАДЕЛФИЈА 76

Сопственик: “Комкест”
Претседател: Ед Снајдер
Генерален менаџер: Били Кинг
Арена: “Ваковиа центар”, отворена на 31.08. 1996 год.
Капацитет: 21 000 гледачи
Вредност на клубот: 351 мил. долари (11. во лига)

Историја:
Сезони: 58
Плеј-оф пласмани: 43
Пласмани во финалето: 9
Титули: 3 (последна - 1983 год.)
Најдобра сезона: 1966-67 со скор 68-13

СЕЗОНА 2006-07:
35 победи и 47 порази
Плеј-оф: Не се пласираа
Постигнати поени: 94.9 (26. во лигата)
Примени поени: 98.0 (11.)
Шут од игра: 45.8% (15.)

Стрелец: А. Игудала 18.2
Скокач: С. Далембер 8.9
Асистент: А. Милер 7.3

Дојдоа: Реџи Еванс и Рики Санчез (Денвер), Џејсон Смит (драфт-Мајами), Дерек Бајарс (драфт-Портланд), Тадеус Јанги Херберт Хил (драфт)
Заминаа: Алан Хендерсон (слободен), Боби Џонс и Стивен Хантер (Денвер), Џо Смит (Чикаго)

Прва петорка: (измени)
плеј - Андре Милер (Л. Вилијамс)
бек - Вили Грин (Р. Карни)
н.крило - Андре Игудала (К. Корвер)
в.крило - Реџи Еванс (Т.Јанг)
центар - Семјуел Далембер (Ш. Рендолф)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Анализа:
Непишано правило е дека кога еден тим ќе го трампа својот суперстар, потребно е малку подолго време тие повторно да застанат на нозе. Така, новата сезона ќе биде прва целосна во која Сиксерси ќе стартуваат без својот симбол од последните десет години - Ален Ајверсон. Но, откако во декември минатата година тие го трампаа ол-старот, Сиксерси доста бргу го почнаа процесот на обнова давајќи му ја улогата на лидер на својата млада ѕвезда Андре Игудала, кој одлично одговори на предизвикот.
Што е уште поинтересно, од трејдот до крајот на сезоната Филаделфија стигна до позитивен скор од 30-29 и имаше одлични 18-11 по ол-стар паузата. Без Ајверсон тие станаа поизбалансиран тим и во нападот и во одбраната. Покрај тоа, пристигнувањето на Андре Милер им даде многу потрадиционален плеј од Ајверсон кој повеќе ќе гледа да ги разигра соиграчите.
Така, иако е очигледно дека им недостасуваат неколку елементи за повторно да се борат за врвот на Истокот, Сиксерси се движат во вистинската насока и покрај фактот дека се фаворити за освојување за едно од последните места на Истокот.


Во плеј-оф ќе играат ако…

Нема. Плеј-офот оваа сезона секако дека ќе остане само пуста желба за фановите на Филаделфија кои ќе мораат малку да се навикнат на животот без Ајверсон. Сиксерси едноставно немаат тим кој би конкурирал за едно од првите места на Истокот. Нивните шанси дополнително ги влошија засилувањата кои ова лето пристигнаа во неколку тима од Истокот кои лани беа на слично ниво со нив.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket


Што велат скаутите…

- “Она што ме плаши од Сиксерси е фактот дека даваат с$ од себе на секоја средба. Ангажманот на Реџи Еванс само ги прави подобри во тоа”.
- “Освен од Игудала, прашање е од кој друг играч ќе доаѓаат поените секоја вечер”
- “Малку се полесни за чување кога Игудала е тој кој ја организира играта и топката е кај него. Тоа е така затоа што е многу полесен да се контролира на десет метри од кошот, отколку кога излегува од блокови или чека додавање за цепелин. Милер е доста добар плеј кој донесува умни одлуки и доколку го види Игудала слободен лесно ќе го пронајде”.

Ѕвезда:
Андре Игудала процвета по заминувањето на Ајверсон и како што одминуваше времето с$ подобро се снаоѓаше во улогата на лидер на младите Сиксерси. Крилото, кое може да игра и на “двојка” и на “тројка”, по таа трампа оствари просеци од 19.6 поени, 5.5 скокови и 6.2 асистенции промовирајќи се во еден од подобрите ол-араунд играчи во лигата. Влегувајќи во својата четврта НБА сезона, Игудала би требал да напредува во секој елемент, а наскоро се очекува и да потпише дебело продолжување на руки договорот.

4 comments October 23rd, 2007


Календар

October 2007
M T W T F S S
« Sep   Nov »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории