Archive for October 21st, 2007

07-08 Привју: BOSTON - Селтикси добија Big Ticket за финалето

Затоа што немам време да пишувам посебни најави за блог, (а вашиот интерес за пишување беше страшен), со оглед на најавите кои ги правам за весник и таа која ќе ја пишувам за ЕСпорт, од денес во некој турбо ритам ќе гледам да ги испукам сите најави кои до сега одеа, и кои ќе одат до 30-ти месецов во весник. Ако некој се предомисли за најава, таа од весник за ќе ја заменам со неговата. За сирачињата за кои нема кој да пишува ќе одат најави како оваа подолу….
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК
БОСТОН СЕЛТИКС


Сопственик: “Бостон Баскетбал Партнерс” ЛЛЦ
Претседател: Дени Ејнџ
Генерален менаџер: Дени Ејнџ
Арена: “ТД Бенкнорт Гарден”, отворена во октомври 1995 год.
Капацитет: 18 600 гледачи
Вредност на клубот: 353 мил. долари (10. во лига)

Историја:
Сезони: 61
Плеј-оф пласмани: 46
Пласмани во финалето: 19
Титули: 16 (последна 1986 год.)
Најдобра сезона: 1972-73 со скор 68-14.

СЕЗОНА 2006-07:
24 победи и 58 порази
Плеј-оф: Не се пласираа
Постигнати поени: 95.8 (22. во лига)
Примени поени: 99.2 (18.)
Шут од игра: 44.3% (29.)

Стрелец: П. Пирс 25.0
Скокач: А. Џеферсон 11.0
Асистент: Д. Вест 4.4

Дојдоа: Реј Ален (Сиетл), Кевин Гарнет (Минесота), Глен Дејвис (Сиетл), Гејб Пруит (драфт), Еди Хаус , Скот Полард и Џејмс Поузи (слободни)
Заминаа: Рајан Гомес, Џералд Грин, Ал Џеферсон, Тио Ретлиф и Себастијан Телфер (Минесота), Делонте Вестм Џералд Грин и Воли Шчербијак (Сиетл), Мајкл Оловоканди (слободен)


Прва петорка: (измени)

плеј - Рејџон Рондо (Е. Хаус)
бек - Реј Ален (Т. Ален)
н.крило - Пол Пирс (Џ. Поузи)
в.крило - Кевин Гарнет (Б. Скалабрини)
центар - Кендрик Перкинс (С. Полард)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Анализа:
Во само едно лето Бостон од тим кој минатата сезона ја заврши со вториот најслаб скор во лигата, стана тим кого сите го почитуваат на Истокот. Причина за тоа верувале или не, беше неуспехот на Селтикси да стигнат до првиот или вториот пик на богатиот драфт, Петиот пик на крајот се покажа како прв откако генералниот менаџер на самиот драфт го трампаше петиот избор Џеф Грин, заедно со Воли Шчербијак и Делонте Вест во Сиетл во размена за ол-стар ветеранот Реј Ален. Тоа ги направи Селтикси привлечни и за другите играчи, па така, Бостон и Минесота ја направија најголемата трапма за еден единствен играч кога за да дојде до Кевин Гарнет, Ејнџ се откажа од дури седум играчи (пет + два идни драфт избора). Така, со само два потеза од еден од најмладите, Бостон стана еден од покскусните тимови во лигата и од еден од најслабите стана еден од посилните, барем кога зборуваме за Источната конференција.

Во новата сезона најтрофејниот НБА клуб влегува со најталентираното трио во лигата, но се наметнува прашањето колку далеку можат да го однесат тимот Пирс, Ален и Гарнет кои барем сега немаа некои посебно квалитетни соиграчи. Клуч на нивниот успех, покрај нормално здравјето на топ триото, ќе биде играта на младиот плеј Рејџон Рондон, кој ќе влета во првите пет и центарот Кендрик Перкинс, кој нема многу искуство како стартен центар. Рондо е еден од најбрзите играчи во лигата, но неговиот шут и преглед на теренот се во најмала рака сомнителни што значи дека противниците често ќе го оставаат сам со цел да удвојуваат некој од ударното трио. Тука би требал да биде клучен Реј Ален, најдобриот шутер во НБА кој е фантастичен да се има како трета опција во тимот.

Перкинс пак, е сомнителен од аспект на искуство, затоа што тој зад себе нема сезона во која минувал повеќе од 22 минути во просек на теренот. Со оглед на тоа дека алтернативи за под кошот се Полард, Дејвис и Поу, тогаш е јасно дека Селтикси ќе бидат на големи маки доколку Гарнет влезе во проблеми со личните грешки.

Добра аквизиција е Џејмс Поузи, кој ќе го одмара Пирс на “тројка”, е солиден дефанзивец и знае како се стига до НБА титулата (Мајами - 2006 год.).
Покрај на Рондо, фокусот ќе биде и на тренерот Док Риверс, кој сезонава ќе биде под најголем притисок од сите свои колеги во лигата. По двете неуспешни сезони со слабата екипа на располагање, сега од Риверс се очекува со големата тројка да ги врати Селтикси кон врвот на Истокот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Во плеј-оф ќе играат ако…
По промените кои настанаа во тимот сите очекуваат не само плеј-оф, туку и многу поголеми работи од Селтикси. Тоа посебно се однесува на нивните гладни фанови кои долго време мораа да ги трпат мизерните тимови кои играа во Бостон. Фактор икс за нив ќе биде што следи по ударното трио кое сигурно ќе си ја одработи својата задача. Доколку им се поклопат коцките и заиграат како што од нив очекуваат фановите, Селтикси би можеле да бидат вистинско освежување на Истокот каде битката за пласман во големото финале е отворена. Сите во Бостон веруваат дека кога можеше Кливленд лани, и тие можат оваа сезона.


Што велат скаутите..
.
“Бостон мораше да го направи трејдот со Минесота кога за тоа се создаде можност и според многумина тоа беше одличен дил за нив. Но, мислам дека голем број на нивните противници нема да жалат за тоа што Селтикси се откажаа од Џеферсон кој е уште млад, а на крајот од сезоната играше со просек од 23 поени и 12 скокови по средба. Тој стануваше играч кој мора да се удвојува. Но, и Гарнет е таков играч кој секогаш мора да биде удвојуван и кој со еден дриблинг може да стигне до кошот.
Родно е многу брз, но дали може да има постојан шут? Плус, нема потреба од удвојување на Перкинс под кошот.
Ќе биде интересно да се види како тие ќе го користат Реј Ален. Очигледно е дека ќе има доста отворени шутеви за него и ќе треба да се види дали тој најмногу ќе поентира поради удвојувањата на Пирс и Гарнет, или пак Селтикси ќе цртаат посебни напади за него. Јасно е каде е местот во нападот на Пирс и Гарнет и ќе биде интересно да се види каде тие во нападот ќе го интегрираат Ален.
На куси периоди, Кеј-Џи може да ги чува сите пет позиции, а и тој е доста активен и гласен лидер во одбраната. Тој многу добро знае каде треба да се позиционира и ќе биде голем проблем за противничките играчи кога ќе се доближат до рекетот”.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ѕвезда:
И покрај сите промени прво име на тимот останува Пол Пирс, нешто со што по своето пристигнување во Бостон се согласија и Гарнет и Ален. Минатата сезона беше уште една одлична, но без плеј-оф за ниското крило кое по шести пат по ред беше прв стрелец на тимот со своите 25 поени по средба на кои додаде уште и 5.9 скокови и 4.1 асистенција. Сега, за прв пат во својата кариера тој ќе ја има вистинската помош потребна да ги однесе Селтикси далеку во разигрувањето, а со доаѓањето на Кеј-Џи и Ален, секако дека малку се менува и неговата улога на теренот. Поточно, Пирс ќе има далеку поголема слобода во играта, луксуз кој го немаше во минатото кога противниците знаеја дека од него доаѓа главната, и често единствена, опасност. Тоа значи повеќе шутеви и влезови за Пирс, кој со својот однос на никогаш јавно барање да биде трампан и 30. години кои ги полни месецов е зрел да го однесе Бостон до врвот на Истокот.

11 comments October 21st, 2007


Календар

October 2007
M T W T F S S
« Sep   Nov »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории