За Тошка - Збогум, Голем Човеку!
Овие два дена беа тешки верувам за секого со чисто срце и намери во Македонија. Знам дека ова е МакНБА, која би требала да биде поврзана само со баскет, но она што се деси во вторникот сабајле е нешто што ја потресе не само цела наша нација, туку и цел Балкан, а и сите низ целиот свет кои Тошка ги имаше допрено.
Сликиве подолу се од Градски синоќа, стадиното кој само Тошка можеше секогаш да го наполни. Па и синоќа кога нашите момци играа со една Андора.
Како што викаат: “Мртви се само оние кои се заборавени“. Тоше и Дражен, како и многу други не толку познати луѓе кои секогаш ќе имаат некој да се сеќава на нив - никогаш нема да бидат мртви, туку ќе живеат вечно.
4 comments October 18th, 2007







