Archive for October 14th, 2007

Тра - Л.А.-Л.А.-Л.А. - јка

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Муабетот за се што е поврзано со Коби и Лејкерси и негов евентуален трејд ми е толку неитересен што попрво би буљел у тазе ојречен ѕид пола саат него да ги слушам сите анализи на ЕСПн итд. кои по новите изјави на Џери Бас пак почнаа да ги објавуваат истите муабети кои ги пласираа секогаш кога ќе се појавеше некоја ситница или пак кога во иста реленица ќе се спомнеа зборовите “Коби“ и “трејд“.

Зашто? Затоа што на сите им е јасно дека Коби следнава сезона (можеби не цела) ќе ја одигра во Ел-еј, па Лејкерси дури следното лето ќе почнаат да размислуваат за можните алтернативи. Момакот може да го раскине страшно богатиот договор, ама дури во летото 2009 година, кога би се откажал од цели 47 милиони од последните две сезони. До следното лето во Ел-Еј стварно не треба да се замараат со евентуален трејд на Коби, иако тоа не значи дека не требаат да слушаат и понуди за него.

Од она што може да се сретне по нет, тотално глупава идеја е трејдот со Чикаго кој за да го добие Коби наводно би требал да се откаже од Хајнрих, Гордон, Носиони и Денг?!?!? Булси веднаш и ставија крај на тој муабет со изјавата дека Денг не е достапен за трејд. А и зошто би го трампале него, па плус уште тројца страшно битни играчи за еден играч, каков тој и да е?

Малку повеќе логика има муабетот за Далас, иако сумњам дека Бас би го оставил Коби на Западот па да им вади срце по 4-5 пати во сезона. Слично беше и со Шек кого Бас никако не сакаше да го остави на Западот, иако можеби имаше и подобри понуди од тимовите од својата конференција.

Како пакет за Коби од Мавси и Кјубан се спомнуваат Хауард и Тери. Добар дил за Далас, не и за Лејкерси. Тери и онака полека станува вишок кај Ејвори кој сезонава ќе го форсира Херис, додека Хауард е жртва на овој дил која мора да се направи, а и момакот ни од далеку не е од калибарот на Коби. Уствари, ретко кој е.

Некој ги спомнува и Феникс (Мерион или пак Амари?!?!) и Хјустон (Мекгрејди), што сепак мислам дека не е веројатно. Што поради истите причини поради кои не е и со Мавси, што поради понудите кои тие би можеле да ги состават.

Како и да е, на Бас и Лејкерси им се исполни целта пак тие да бидат главни во нешто, макар тоа било и по текстовите нашишани за нив по разни сајтови, блогови и весници. Во друго уште некое време нема да бидат први.

9 comments October 14th, 2007


Календар

October 2007
M T W T F S S
« Sep   Nov »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории