Капитен
Како прво, време е да се почне со најавите за новата сезона, а пошто последниве две години имавме класични најави за секој тим или пак дивизија посебно, оваа година не сакам да биде само дежа-ву. Така, секој од вас кој мисли дека може да направи интересна најава за било кој тим, слободно нека ми ја прати на офишл мејлот….maknba@gmail.com
Како второ, сезонава капитен на Вориорси ќе биде никој друг туку Џекес Џексон?!?!?!.
Вакво нешто веројатно е можно само уште во Њујорк. На сите им се добро познати карактерните квалитети на Џексон, кој заедно со Артест ја имаше главната улога во масовната тепачка во Детроит пред три години, пукаше од пиштол пред стриптиз бар, беше намерно удрен од кола, итд…итд…
Вистински капитен од кого може многу да се научи.
Покрај тоа, првото име на Вориорси, Берон Дејвис, кој си побара нов договор кој не го доби, се приклучи да ѕвездите со свои блогови. Од она што до сега го постирал, тешко дека ќе го стигне Аринас.
24 comments October 9th, 2007
