Ајзеа си ги сака вработените

Како изненадување за никого дојде веста дека MSG и Џејмс Долан ќе мораат да платат цели 11,6 милиони долари на име отштета по судењето кое беше главна случка во Њујорк изминативе три недели. За тие што не знаат, Анука Браун Сандерс, која била порано вработена во MSG и кај Никси го обвини Ајзеа Томас за сексулано малтретирање и навреди на нејзина сметка. Откако таа ги одби бедните 130 000 долари од Никси за целата работа да не оди на суд, сега ќе лапне добар дел од тие 11,6 милиони.
Уште еден екстра потег на способната управа и раководство на Никси. Кога можат уште да ги плаќаат Џејлен Роуз и еден куп др. играчи кои ги откупија, зашто не и својата екс-вработена која само си се бори за правата на жените…и за нешто ситно пари.
Ајзеа некако успеа да се спаси без парична казна, но нема да ме чуди ако Долан му скине од платата за да отплати дел од казната. Сепак, останува прашањето како ликови како Томас се уште успеваат да си ја задржат работата во НБА.
Мора да е нешто до водата во Њујорк.
15 comments October 4th, 2007