Микс…Коби, Амари, Шон, Ајзеа, Андреј и Кевин
Добри вести за Лејкерси. Коби сега сака да си остане таму и да им помогне да станат подобар тим. Со среќа со играчите кои ги имаат.
* * * * *
* * * * *
Не баш дпoбри вести за Санси. Амари мора на нова операција, ама овој пат не е ништо ни блиску страшно како микрифрактурата од пред две години. Зафатот е до толку мал што ѕверот ќе биде дел од тимот за отварањето на сезоната.
Дел од тимот ќе биде и Мерион, иако тој баш и не го сака тоа. Матриксот си остана на своето барање, ама најверојатно цела сезона ќе ја мине во Феникс. А има и зошто да се жали кога игра за ситни 16,4 милиони оваа сезона. Бедотија.
* * * * *
Не им се пишува добро на Ајзеа и Никси во судењето кое веќе некое време се одвива во Њујорк.Ништо ново кај Никси, а? Ова би можело да ги чини Никси десет милиони долари, но кога парите биле проблем за Долан и компанија.
* * * * *
Андреј е несреќен, ама не зборува за тоа. Мене ми се чини дека Јута нема да го трампа, не затоа што можеби не би сакале да се откачат од неговото нон-стоп плачење и 63-те милиони кои му ги должат во иднина, туку затоа што нема кој да се нафати да го земе. Освен можеби Феникс, мада сумњам во тоа.
* * * * *
Стартуваше и новото, второ издание на НБА Јуроп Лајф, овој пат многу помалце интересно од тоа од лани. Имав карта за Бостон-Минесота во Лондон, ама нема виза, а нема ни авио-карта.Тоа ти е. Ќе идеме догодина кога ќе дојдат во Грчка.
5 comments October 2nd, 2007





