Archive for September 24th, 2007

Дивац се “смири“

by Retry

Изминатиов викенд (сосе петокот) трае т.н. (од страна на организаторот) “хуманитарен спектакл“ на официјалното збогување на Vlade со играњето кошарка (барем) на официјални средби, што е доволен повод во овој, како што рече Енко, тапа кошаркарски период, барем малку да му се посвети внимание.

Според мене, настанот е хуманитарен, бидејќи Vlade одлучи да се прости на малку понеобичен начин од оној на останатите спортисти од ваков калибар се простуваат, а го доживувам како спектакл не поради фактот што има журки, турнири, отворање музеи и слично, туку поради имињата (посебно дел од поранешните и актуелните NBA фаци) кои ќе земат учество и кои се специјално поканети.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Sasha who?

Под знак прашалник ми се единствено две работи. Првата, по која основа Pop допатува во Београд, и втората, како успеа Sasha Vujacic во таа цела една година помината со Vlade во Lakers да му стане толку добар пријател, со што би заслужил специјален третман од страна на организаторот и да биде ставен во ранг со, на пример, другиот, вам секако многу попзнат, Sasha. Како и да е, барем Scot Pollard ќе може да се пофали дека конечно некој му го препиша епитетот NBA ѕвезда, а згора на тоа на еден од турнирите беше пријавен за шутирање на трици !!!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
NBA ѕвезда

Сепак не ми е толку муабетот да пишувам за самиот чин на одбележувањето на повлекувањето на Divac (на интернет врие од информации за тоа), туку да се осврнам на моите впечатоци за неговата играчка кариера, која ја пратев речиси целосно, ако како почеток го земам неговото деби за репрезентацијата на SFRJ. Се надевам многумина ќе се сложат со мене.

Нормално, не мислам да издвојувам се и сешто од неговото кошаркарско патешествие, секако повеќето настани во кои Vlade бил главен актер ви се добро познати, без разлика на генерацијата на која припаѓате. На крајот од 2001 или почетокот од 2002 година, во периодот на реизлегувањето на списанието Showtime, Љупчо ми покажа една ствар која успеал да ја ископа, а и мене ме запрепасти како голем љубител на “Политикин Забавник“ (не овој сега што искача, туку неговиот претходник, СФРЈ-скиот).

Нормално не обраќав внимание на рубриките како “Писма“, туку повеќе ме занимаа Паја Патаци, Хогари, Хи-Мени, кошарки, фудбали, музики, …, а и да сум обрател внимание или сум бил премал да сфатам (јес да според татко ми една од првите работи што сум ги прочитал дури и пред да сум научил да читам :D било баш “Политикин Забавник“) или едноставно човекот (поточно детето) у тоа време никој не го знаел(о), а и со право пошто бил од некое си место Пријепоље (така ли се викаше J ).

Го пренесувам како што стои таму од збор до збор (скенираната форма е малку нечитлива, а и “папирусот“ би се распаднал), се рабира без ќ-то и ѓ-то J :

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

НЕЌУ ВИШЕ ДА РАСТЕМ!

Имам 14 година, а висок сам 188.5 цм. Интересује ме постоји ли било који начин за заустављање мог вртоглавог раста? Молим што прецизнији одговор.

Владе Дивац, Пријепоље

Одговор: Да бисмо могли било што да ти одговоримо, морамо много више да знамо. Питање је, рецимо, дали је твој раст заиста вртоглав? Можда јесте, а можда су твоји родитељи високи. Ти си сад у пубертету, кад хормони “раде“ па се брже расте. Али да не нагаѓамо, најбоље је да се обратиш школском лекару који ќе на основу прегледа и потребних анализа реќи дали је у питању вртоглав или нормалан раст.

Политикин Забавник 1.11.1982

Лошо му одговориле, да сум бил уредник у тоа време би му рекол да почне да игра баскет, па да иде у репрезентација, па да се пријави на драфт у NBA, па да го земат Lakers, … А можда и го послушал одговоров и отишол кај лекарот, па овој му го кажал истото, абе судбина, шта ќеш.

http://youtube.com/watch?v=XukzRQxmjBs

колку се сакале Divac и Drazen

За првпат, високото, слабичко дете го видов на натпреварите за репрезентацијата на СФРЈ на светското во Шпанија 1986, иако сликите ми се малку повеќе замаглени, сепак се сеќавам како постариве коментираа кога Југославија го загуби полуфиналето од “Сабониси“: “… кај му ја дадоа топката на детево, па што го повикале за репрезентација, чиј син си ти, …“ и со тоа и мене ми стана материјал за потсмевање, поготово што имаше некаква изгубена фаца, која со некоја брчка повеќе ја задржа и до денес.

А вистина дотогаш Vlade си напукал каква-таква километража низ југословенскиот кошаркарски свет, во Елан, Слога, Партизан. И можеби затоа ми изгледаше како изненадување што игра за репрезентација бидејќи уште у тоа време имав некаква одбивност спрема Партизан било да станувало збор за кошарка, фудбал или било кој друг спорт, па секогаш гасев телевизор кога пренесуваа некој “партизански тим“.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

“репрезентативен Divac“

Подоцна испадна дека се работи за голем талент кого америте одма го пикираа, а у тоа време тешко беше да се оди у NBA, дури и за ѕвезди како Petro и Marciulionis, па се слушаа коментари, што по медиуми, што на улица, дека штом иде у NBA па уште и у Lakers, онда мора да е јак играч, или пак, лесно е за таквите високи играчи да идат у NBA, потешко е за бековите, итн. Во контекст на тоа често у маало се вртеше еден муабет, како на еден егзибициски натпревар пред почетокот на Divac-овата дебитантска сезона, у една контра Vlade сам, наместо да скуца, лагано си положил, што и не е нешто страшно, но тогаш веќе пензионираниот Kareem откако го видел тоа, по натпреварот му “залепил една“ на играчот од кого не се очекувало да биде негов наследник, но барем донекаде да ја попуни празнината што настанала под кошот на Lakers со неговото заминување.

После испадна и дека муабетот бил вистина, а Vlade потрошил доста време со Jabbar на тренинзите со цел да стане поексплозивен под кошот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

дуел на 5-ки, против Lambeer

http://youtube.com/watch?v=a9QX-Vzz3Po Vlade vs. Bulls

Така Vlade заедно со Magic стана еден од виновниците што досега сум верен навијач на Lakers, иако и пред да дојде кај езерџиите, веќе некоја година ми беа омилен тим. А неговата игра беше за мене пријатно изненадување поготово у playoff-от кога у финале на западот беа совладани тогашните фаворити Portland, и у финалето на NBA против Chicago, во услови кога беа повредени Scott и Worthy, па тој мораше да игра втора виолина у својот тим покрај Magic.

Просекот од 18.2 поени, 8.8 скокови и 2.4 блокади беше веднаш зад Magic-овиот во финалните 5 утакмици, и комплетно ги надигра Grant и Cartwright. Успехот на Divac беше уште поголем што и низ сезоната успешно се носеше со тогашните противнички центри (ако знаеме дека во тоа време имаше голема конкуренција на позицијата C), во период кога еден Petro уште се мачеше закован на клупата и немаше буквално никаков придонес за тимот за кој настапуваше. Неговиот полухорог шут се почесто почна да се спомнува низ маало и веќе почна да си го цементира статусот на “наша“ ѕвезда и по распаѓањето на Југославија. А така се случуваше и пошироко. По повлекувањето на Magic и Worthy тимот на Lakers остана да се гради околу нови дечки, но пред се околу Divac, и иако не ги постигнуваа успесите од времето на Showtime-от, сепак им правеа многу проблеми во playoff-от на јаките тимови од западот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
Vlade у не-Lakers тим

Многу ми падна жал кога го трампаа во Hornets за некоја сеуште недокажана средношколска ѕвезда (за среќа, после се докажа), иако знаев дека со Shaq во тимот ќе биде само негова замена. И излезе добро за него бидејќи воопшто не падна во формата, а и беше главниот виновник заедно со Rice и Mason што повторно го дигнаа тимот на нозе и го однесоа во playoff-от.

Епизодата со Kings беше неговиот најзрел период од играњето во NBA, кога и беше најблиску до титулата, во што го спречи неговиот поранешен тим. Во тој период (крајот на ’90-ите и почетокот на новиот милениум), човекот со загубена фаца имаше статус на татко и во Sacramento и во репрезентацијата.

Речиси сите негови соиграчи изјавуваа дека тој е столбот на екипата, дека тој е човекот кој ментално ги засилува и ги мотивира. Последните две сезони во Sacramento полека годините почнуваат да го запираат и за првпат по дебитантската сезона остварува просек на поени помал од 10 (и во двете сезони по 9.9). Последната сезона во NBA ја поминува повеќе симболично (можеби и заради Shaq J ) враќајќи се во тимот каде што и го започна патешествието во најсилната лига во светот, настапувајќи само на 15 натпревари.

Со тоа можеби сакаше да каже дека сепак во Lakers го поминал најдобриот период во NBA, иако големи пријателства и убави спомени стекна и во Kings, што го потврдува и доаѓањето на Stojakovic, Webber, Jackson и Pollard во Београд деновиве.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

повторно каде што припаѓаше

Многумина ќе го паметат повеќе по малерите како од 1986 на светското (губењето на топката во последните секунди против СССР), 1995 во полуфиналето на западот (пормашените слободни фрлања во последната минута против Spurs), 2002 во финалето на западот (ненамерно исфрлената топка до Horry во последните секунди против Lakers), 2002 на светското (промашените слободни во финалето против Аргентина), … отколку по успесите.

http://youtube.com/watch?v=WV3nfHqdptg

баксуз

Некои ќе го паметат и како единствен играч покрај Hakeem и Kareem кој во кариерата постигнал барем 13000 поени, 9000 скокови, 3000 асистенции и 1500 блокади, иако статистики од типот на постигнување на барем 11982 поени, 10897 скокови, 6897 асистенции и 1387 блокади воопшто не ми се допаѓаат. Но верувам дека добар дел го делат мојот впечаток дека Vlade Divac е неверојатно ретка интелигентна кошаркарска фигура, и без разлика на ситуацијата во која се наоѓал секогаш го давал својот максимум.

Никогаш не бил ниту класична ѕвезда ниту класичен “носач на цигли“, туку комплетен играч што тимот за кого играл го правел многу подобар отколку без него и секогаш го правел конкурентен. Неговите пасови, хороци, емоции и дрски потези (како забивањето у фаца на Mourning по претходно добиената блокада во истиот напад, и кошот од свртување против Shaq) секогаш ќе ми останат врежани во мозокот. Сигурно сега на репрезентацијата на Србија добро би и дошол играч како Divac па да се искоренат натрупаните девијантни појави (читај миличичи).

А за останатите кои појма немаат за што зборам можеби е најдобро да го посетат recently отворениот музеј на Vlade во родното Пријепоље, каде и јас лично планирам некогаш да отидам.

http://youtube.com/watch?v=_AbpT7VzKZo

трибјутот од Kings-и

14 comments September 24th, 2007


Календар

September 2007
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории