Оден: “Се гледаме догодина“
Како бргу некој од “Идниот Бил Расел, Дејвид Робинсон итд. голем центар“ може да стане “Идниот Ралф Семпсон“ или не дај Боже - “Идниот Сем Боуви“?
Само прашајте го Грег Оден.
Сигурен сум дека споредбите со Боуви ќе бидат нешто што ќе се убиеме од слушање во следниве неколку дена, ако не и во текот на целата сезона, но мислам дека на момакот сепак треба да му се даде шанса да докаже дека не е д некс Семи Буи, ко што го викаат некои.
Пред некои месец дена читав интервју со Оден и првата работа која од него ја заклучив беше колку нетипичен лик за НБА играч и идна ѕвезда е момакот со лик на старец. Скромен, начитан и ептен паметен во секоја своја изјава. Не дека немаше изјави својствени за некој на негова возраст, но на прашањата на кои ќе очекуваш детси одговор, тој даваше интелектуални одговори несвојствени за некој на 19 години.
Можеби поради тоа ми е и уште покриво за веста дека момакот ќе ја пропушти цела сезона поради операција на коленото (десно). Хируршки зафат кој го имаат поминато доста НБА играчи и кој ја уништил кариерата на добар дел од нив. Сепак, некое непишано правило е дека колку играчот е помлад, шансите за камбек се поголеми. Пример за тоа се Амари Стадемаер и Зек Рендолф. Но, тука е и еден Дариус Мајлс да замати вода. Од ветераните кои го поминале ова Кид си тера без проблеми, но истата среќа ја немаа Пени Хардевеј, Алан Хјустон и Крис Вебер.
Како и да е, ова е огромен удар не само врз Блејзерси, туку и самата НБА која се подготвуваше за нова ера во својот развој од која Оден и Дурент требаа да бидат доста важен дел.
И знам, сега сите ќе се прават паметни како знаеле за тоа дека Оден бил подложен на повреди и како од прв ден се знаело дека Дурент ќе биде бољи играч. Мај ес, знаеле.
Но, има една доста добра причина за фановите на Портланд да не бидат толку очајни. Со екипата која ја имаат веројатно со Минесота и Сиетл од Западот и уште понекој од Истокот ќе бидат пак во игра за првиот пик и следната сезона, па може да се деси за 2008-09 во тимот да имаат двајца дебитанти и тоа и двајцата први пикови. Е тоа би било утеха.
Да се надеваме дека ова ќе биде истата приказна како во случајот на Амари.
ПС: Синоќа го убедував татко ми дека Русите се страшно паметни што на плус два прават фаул над Борче, а после и Тончи. Бев убеден дека, познавајќи ги двајцата, нема шанси да погодат две слободни. Така и бидна, а Френчите не ни заслужуваат да идат даље со таква баскетџиска екипа без никаква скок игра и без било каков барем малку постојан шут од надвор, а ни за слободни. Не дека Русите се многу јаки, ама тоа ти е Еуробаскет. За газењето на Швабите мислам дека нема што да се коментира. Тоа беше јасно како ден дека ќе се случи.
16 comments September 14th, 2007

