Archive for September 10th, 2007

Од све помалце…

Ме немаше некое време, па ајде на брзинка да фрлиме поглед на некои ствари кои се десија
последниве неколку дена…

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Д Биг Зен Мастер си го доби своето заслужено место во Спрингфилд и веднаш почнаа муабети за тоа - Кој е најголемиот тренер во историјата на НБА? Според некои анкети што ги сретнав најголемиот број на фанови смета дека таа титула му припаѓа на чичко Фил, нешто со што лично и јас се сложувам, иако секогаш кога се прави такво нешто, односно се споредуваат две големини од иста бранша, но од две различни ери во игра се фактори кои споредбите ги прават невозможни. Но, едно е сигурно - Фил Џексон е најголемиот тренер во модерната ера.

Во согласност на пригодата, на Ес-Ај направија пригодна галерија со фотки на Зенот.

Како ПС на ова горе за Фил, Доминик одржа говор при претставувањето на новите жители на “Куќата на Славните“, а ова чисто како потсетување на самиот Ник на најголемата средба во неговата кариера.

* * * * * *

НБА им даде неколку нови слободи на своите судии кога е во прашање употребата на прегледување на снимките, така што сега тие ќе имаат повеќе време да го откријат вистинскиот виновник за секоја мешаница или тепачка. Уште да им текнеше да ги прегледуваат сите одлуки во последните минути кои можат да влијаат на покривањето или не на хендикепот кај обложувачите. Така ќе нема шанса за нов Тим Донахи

* * * * * *

Америте си се прошетаа низ Вегас конечно играјќи како што од нив и се очекува. Со вистински подготовки за Пекинг мислам дека и на ОИ, освен можеби Еспања, нема да им има рамни.

* * * * * *

На Еуробаскет се игра една од најбедните кошарки кои сум ги видел до сега, ама барем резултатите се тесни, иако кога ќе се собере збирот на поени на една средба тој е еднаков на тој на едно НБА полувреме. Да не зборам за Грцине на кои им требаат две утакмици да искомбинираат стотка. Пријатно изненадување - Словенија и Литванија, непријатно - Турција.

Сепак, кога зборуваме за Турците, па и сите останати балканци се мора да се прими резерва затоа што зборуваме за тимови во кои емоциите се многу поизразени од фокусот на конечната цел.

* * * * * *

Дарко си лапна казна од 40 илјадарки за неговата сочна изјава после поразот од Грците. Она што е поважно од целиот муабет е дека во Мемфис уште сега не се среќни од речникот на Миличиќ. Таму си мислеле дека добиваат скромен европски центар подготвен да каже се со својата игра на теренот, а не некој со уличарски речник и исто такво однесување.

Убаво ми рече Арсиќ - “Тешко им на нив со него“, кога му кажав дека Дарко го потпишале Гризлиси.

* * * * * *

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Во врска со муабетот за Фил малце погоре, тренерот си застана на страната на Коби во врска со тоа дека на Лејкерси им требаат многу поквалитетни играчи од тие кои ги имаат. Тоа уште повеќе ги става во тесно Мич Купчак и газдата Џери Бас, кои немаат шанси сега кога сите возови поминаа да донесат ол-стар играч во Ел-Еј. Иначе, Коби слободното време го искористи за промоција на својата нова колекција по најголемиот пазар - Далечниот Исток.

Се читаме, се надевам почесто…

8 comments September 10th, 2007


Календар

September 2007
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории