Секогаш има - Утре
Jа гледав утакмицата во петокот и дури сега за прв пат , верувале или не, седнувам пред компјутер од тогаш. Фул сум со некои други обврски овие неколку недели, така да не стигам да седнам и пишам нешто.
Како и да е, пак паднавме кога беше најпотребно. Факт е дека во некои ситуации немавме среќа, но исто така е и факт дека никој до сега не успеа да ни ги излечат синдромите наречени “избрзување во напад“ и “декоцентрација во одбрана“. Јас лично не би обвинувал никого него би гледал да створиме конечно една позитивна атмосфера околу нашиот тим за догодина да имаме стварно добра репрезентација.
Што се однесува до нашите синдроми кои ги споменав, тоа е нешто што никој до сега не успеал да го излечи. Дали ќе успее Арсиќ, ќе видиме. Овие два месеци како тренер не беа доволно да го увидиме тоа.
Она што ми е несафтливо до некаде е тоа што некои од момците за своите клубови и тренери таму играат сосема поинаку, тотално дисциплинирано, но се некако се мења кога ќе дојдат дома.
Толку од мене. За сега.
Ај. Секогаш има утре.
6 comments September 2nd, 2007
