Archive for September, 2007

Фотка на неделата 36 - “Матрицата“ тесна за Мерион

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Мерион е задњи ол-стар кој ова лето си изјави дека сака да биде трампан. Според тоа што тој го изјавува, му здосадило редовно да си го слуша своето име во разни трејд комбинации, па сега сака да биде трампан. Плус, не му е по вкус што Санси не се заинтересирани да почнат со него преговори за продолжување на неговиот превисок договор.

Само како податок, Мерион е 12. најплатен играч во лигата кој во новата сезона во џеб ќе стави 16,4, а таа потоа, ако не ја искористи опцијата да стане слободен играч догодина, му следуваат цели 17,8 милиони долари.

Логиката на овој негов потег стварно не ми е јасна, затоа што е јасно дека на ниту едно друго место, освен можеби во Њу Џерси, Мерион нема да го има луксузот да игра покрај играч кој ќе го прави да изгледа како пет пати бољи играч. Неш има голема заслуга во напредокот на Шон, кој сега е незадоволен што е трета опција во тимот. Како да може да биде нешто повеќе со својот ограничен и ружен шут и ограничен репертоар во поставени напади.

Логиката уште повеќе губи на тежина ако се знае дека двете најспомнувани опции за него се Јута и Лејкерси, каде сигурно нема да биде втора опција. Во Јута пред него секако ќе биде Бузер, а веројатно и Дерон и Мемо, додека доволно е да се каже дека во Ел-Еј ќе игра покрај Коби покрај кого сите останати се петта-шеста опција.

Трет аспект се парите кои оваа и следната сезона нема да му ги даде никој нормален. Феникс веројатно нема да го трампа, а Мерион во оваа сезона ќе мора на сите да им покаже дека е играч кој ги заслужува тешките милиони кои ги заработува и кои ги бара за во иднина. Нешто во што самиот со своето барање за трејд се вовлече.

Во игра беше и оваа фотка.

Не само поради тоа што е дорбро куцање, туку и затоа што е во фаца на Ламар Одом, кој според многумина е една од комбинациите за трејд на Мерион. Иако не ми се верува баш дека Лејкерси до толку сакаат да го ангажираат Мерион, а да се откажат од поефтиниот Ламар.

5 comments September 28th, 2007

Дивац се “смири“

by Retry

Изминатиов викенд (сосе петокот) трае т.н. (од страна на организаторот) “хуманитарен спектакл“ на официјалното збогување на Vlade со играњето кошарка (барем) на официјални средби, што е доволен повод во овој, како што рече Енко, тапа кошаркарски период, барем малку да му се посвети внимание.

Според мене, настанот е хуманитарен, бидејќи Vlade одлучи да се прости на малку понеобичен начин од оној на останатите спортисти од ваков калибар се простуваат, а го доживувам како спектакл не поради фактот што има журки, турнири, отворање музеи и слично, туку поради имињата (посебно дел од поранешните и актуелните NBA фаци) кои ќе земат учество и кои се специјално поканети.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Sasha who?

Под знак прашалник ми се единствено две работи. Првата, по која основа Pop допатува во Београд, и втората, како успеа Sasha Vujacic во таа цела една година помината со Vlade во Lakers да му стане толку добар пријател, со што би заслужил специјален третман од страна на организаторот и да биде ставен во ранг со, на пример, другиот, вам секако многу попзнат, Sasha. Како и да е, барем Scot Pollard ќе може да се пофали дека конечно некој му го препиша епитетот NBA ѕвезда, а згора на тоа на еден од турнирите беше пријавен за шутирање на трици !!!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
NBA ѕвезда

Сепак не ми е толку муабетот да пишувам за самиот чин на одбележувањето на повлекувањето на Divac (на интернет врие од информации за тоа), туку да се осврнам на моите впечатоци за неговата играчка кариера, која ја пратев речиси целосно, ако како почеток го земам неговото деби за репрезентацијата на SFRJ. Се надевам многумина ќе се сложат со мене.

Нормално, не мислам да издвојувам се и сешто од неговото кошаркарско патешествие, секако повеќето настани во кои Vlade бил главен актер ви се добро познати, без разлика на генерацијата на која припаѓате. На крајот од 2001 или почетокот од 2002 година, во периодот на реизлегувањето на списанието Showtime, Љупчо ми покажа една ствар која успеал да ја ископа, а и мене ме запрепасти како голем љубител на “Политикин Забавник“ (не овој сега што искача, туку неговиот претходник, СФРЈ-скиот).

Нормално не обраќав внимание на рубриките како “Писма“, туку повеќе ме занимаа Паја Патаци, Хогари, Хи-Мени, кошарки, фудбали, музики, …, а и да сум обрател внимание или сум бил премал да сфатам (јес да според татко ми една од првите работи што сум ги прочитал дури и пред да сум научил да читам :D било баш “Политикин Забавник“) или едноставно човекот (поточно детето) у тоа време никој не го знаел(о), а и со право пошто бил од некое си место Пријепоље (така ли се викаше J ).

Го пренесувам како што стои таму од збор до збор (скенираната форма е малку нечитлива, а и “папирусот“ би се распаднал), се рабира без ќ-то и ѓ-то J :

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

НЕЌУ ВИШЕ ДА РАСТЕМ!

Имам 14 година, а висок сам 188.5 цм. Интересује ме постоји ли било који начин за заустављање мог вртоглавог раста? Молим што прецизнији одговор.

Владе Дивац, Пријепоље

Одговор: Да бисмо могли било што да ти одговоримо, морамо много више да знамо. Питање је, рецимо, дали је твој раст заиста вртоглав? Можда јесте, а можда су твоји родитељи високи. Ти си сад у пубертету, кад хормони “раде“ па се брже расте. Али да не нагаѓамо, најбоље је да се обратиш школском лекару који ќе на основу прегледа и потребних анализа реќи дали је у питању вртоглав или нормалан раст.

Политикин Забавник 1.11.1982

Лошо му одговориле, да сум бил уредник у тоа време би му рекол да почне да игра баскет, па да иде у репрезентација, па да се пријави на драфт у NBA, па да го земат Lakers, … А можда и го послушал одговоров и отишол кај лекарот, па овој му го кажал истото, абе судбина, шта ќеш.

http://youtube.com/watch?v=XukzRQxmjBs

колку се сакале Divac и Drazen

За првпат, високото, слабичко дете го видов на натпреварите за репрезентацијата на СФРЈ на светското во Шпанија 1986, иако сликите ми се малку повеќе замаглени, сепак се сеќавам како постариве коментираа кога Југославија го загуби полуфиналето од “Сабониси“: “… кај му ја дадоа топката на детево, па што го повикале за репрезентација, чиј син си ти, …“ и со тоа и мене ми стана материјал за потсмевање, поготово што имаше некаква изгубена фаца, која со некоја брчка повеќе ја задржа и до денес.

А вистина дотогаш Vlade си напукал каква-таква километража низ југословенскиот кошаркарски свет, во Елан, Слога, Партизан. И можеби затоа ми изгледаше како изненадување што игра за репрезентација бидејќи уште у тоа време имав некаква одбивност спрема Партизан било да станувало збор за кошарка, фудбал или било кој друг спорт, па секогаш гасев телевизор кога пренесуваа некој “партизански тим“.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

“репрезентативен Divac“

Подоцна испадна дека се работи за голем талент кого америте одма го пикираа, а у тоа време тешко беше да се оди у NBA, дури и за ѕвезди како Petro и Marciulionis, па се слушаа коментари, што по медиуми, што на улица, дека штом иде у NBA па уште и у Lakers, онда мора да е јак играч, или пак, лесно е за таквите високи играчи да идат у NBA, потешко е за бековите, итн. Во контекст на тоа често у маало се вртеше еден муабет, како на еден егзибициски натпревар пред почетокот на Divac-овата дебитантска сезона, у една контра Vlade сам, наместо да скуца, лагано си положил, што и не е нешто страшно, но тогаш веќе пензионираниот Kareem откако го видел тоа, по натпреварот му “залепил една“ на играчот од кого не се очекувало да биде негов наследник, но барем донекаде да ја попуни празнината што настанала под кошот на Lakers со неговото заминување.

После испадна и дека муабетот бил вистина, а Vlade потрошил доста време со Jabbar на тренинзите со цел да стане поексплозивен под кошот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

дуел на 5-ки, против Lambeer

http://youtube.com/watch?v=a9QX-Vzz3Po Vlade vs. Bulls

Така Vlade заедно со Magic стана еден од виновниците што досега сум верен навијач на Lakers, иако и пред да дојде кај езерџиите, веќе некоја година ми беа омилен тим. А неговата игра беше за мене пријатно изненадување поготово у playoff-от кога у финале на западот беа совладани тогашните фаворити Portland, и у финалето на NBA против Chicago, во услови кога беа повредени Scott и Worthy, па тој мораше да игра втора виолина у својот тим покрај Magic.

Просекот од 18.2 поени, 8.8 скокови и 2.4 блокади беше веднаш зад Magic-овиот во финалните 5 утакмици, и комплетно ги надигра Grant и Cartwright. Успехот на Divac беше уште поголем што и низ сезоната успешно се носеше со тогашните противнички центри (ако знаеме дека во тоа време имаше голема конкуренција на позицијата C), во период кога еден Petro уште се мачеше закован на клупата и немаше буквално никаков придонес за тимот за кој настапуваше. Неговиот полухорог шут се почесто почна да се спомнува низ маало и веќе почна да си го цементира статусот на “наша“ ѕвезда и по распаѓањето на Југославија. А така се случуваше и пошироко. По повлекувањето на Magic и Worthy тимот на Lakers остана да се гради околу нови дечки, но пред се околу Divac, и иако не ги постигнуваа успесите од времето на Showtime-от, сепак им правеа многу проблеми во playoff-от на јаките тимови од западот.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
Vlade у не-Lakers тим

Многу ми падна жал кога го трампаа во Hornets за некоја сеуште недокажана средношколска ѕвезда (за среќа, после се докажа), иако знаев дека со Shaq во тимот ќе биде само негова замена. И излезе добро за него бидејќи воопшто не падна во формата, а и беше главниот виновник заедно со Rice и Mason што повторно го дигнаа тимот на нозе и го однесоа во playoff-от.

Епизодата со Kings беше неговиот најзрел период од играњето во NBA, кога и беше најблиску до титулата, во што го спречи неговиот поранешен тим. Во тој период (крајот на ’90-ите и почетокот на новиот милениум), човекот со загубена фаца имаше статус на татко и во Sacramento и во репрезентацијата.

Речиси сите негови соиграчи изјавуваа дека тој е столбот на екипата, дека тој е човекот кој ментално ги засилува и ги мотивира. Последните две сезони во Sacramento полека годините почнуваат да го запираат и за првпат по дебитантската сезона остварува просек на поени помал од 10 (и во двете сезони по 9.9). Последната сезона во NBA ја поминува повеќе симболично (можеби и заради Shaq J ) враќајќи се во тимот каде што и го започна патешествието во најсилната лига во светот, настапувајќи само на 15 натпревари.

Со тоа можеби сакаше да каже дека сепак во Lakers го поминал најдобриот период во NBA, иако големи пријателства и убави спомени стекна и во Kings, што го потврдува и доаѓањето на Stojakovic, Webber, Jackson и Pollard во Београд деновиве.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

повторно каде што припаѓаше

Многумина ќе го паметат повеќе по малерите како од 1986 на светското (губењето на топката во последните секунди против СССР), 1995 во полуфиналето на западот (пормашените слободни фрлања во последната минута против Spurs), 2002 во финалето на западот (ненамерно исфрлената топка до Horry во последните секунди против Lakers), 2002 на светското (промашените слободни во финалето против Аргентина), … отколку по успесите.

http://youtube.com/watch?v=WV3nfHqdptg

баксуз

Некои ќе го паметат и како единствен играч покрај Hakeem и Kareem кој во кариерата постигнал барем 13000 поени, 9000 скокови, 3000 асистенции и 1500 блокади, иако статистики од типот на постигнување на барем 11982 поени, 10897 скокови, 6897 асистенции и 1387 блокади воопшто не ми се допаѓаат. Но верувам дека добар дел го делат мојот впечаток дека Vlade Divac е неверојатно ретка интелигентна кошаркарска фигура, и без разлика на ситуацијата во која се наоѓал секогаш го давал својот максимум.

Никогаш не бил ниту класична ѕвезда ниту класичен “носач на цигли“, туку комплетен играч што тимот за кого играл го правел многу подобар отколку без него и секогаш го правел конкурентен. Неговите пасови, хороци, емоции и дрски потези (како забивањето у фаца на Mourning по претходно добиената блокада во истиот напад, и кошот од свртување против Shaq) секогаш ќе ми останат врежани во мозокот. Сигурно сега на репрезентацијата на Србија добро би и дошол играч како Divac па да се искоренат натрупаните девијантни појави (читај миличичи).

А за останатите кои појма немаат за што зборам можеби е најдобро да го посетат recently отворениот музеј на Vlade во родното Пријепоље, каде и јас лично планирам некогаш да отидам.

http://youtube.com/watch?v=_AbpT7VzKZo

трибјутот од Kings-и

14 comments September 24th, 2007

Дерон му кажа на Долф

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Септември е редовно најспор месец во НБА и период во кој скоро сите новинари од САД кои ја пратат лигата си ги земаат своите годишни одмори. Така, да не ве чуди што и МакНБА е малце поспора овие недела-две. Тоа ќе се смени за некои десетина дена кога ќе стартуваат тренинг-камповите.

Да не биде без ич, најинтересен играч во овој тапа период е момакот кој сам беше тапа минатата сезона. Кириленко после титулата на Евробаскет на еден руски блог јавно си кажа - “Не сакам да бидам робот во системот на Џери Слоун“ и си побара да биде трампан. Како да е така лесно да се реши Јута од играчот кој лани не одигра ништо, а на кој во иднина му должат 63 милиони долари.

После изјавите на Андреј се јави управата на тимот која јасно си кажа дека го очекува на тренинг-кампот, како и некои од играчите, пред се Дерон Вилијамс, кој јасно си кажа што мисли за Русинот, т.е. неговата работа на тренинзите и по нив.

“You see guys, you see Booz (Carlos Boozer) after practice shooting for 25-30 minutes, you see Memo (Mehmet Okur) shooting for 20 minutes, you see all the rookies, the young guys, you see Hafa (Rafael Araujo) in there working, and you see Andrei being the first guy out the door,” Williams said.

“He’s coming off a screen on one side, and Matt Harpring’s coming off a screen on one side, who do you think you’re gonna pass to? You think you’re gonna pass to the guy you see working every day in the gym? Or you gonna pass to the guy who never works on his shot but wants to shoot … “

На АК47 можеби му е и подобро да не се враќа во Јута.

7 comments September 23rd, 2007

Фотка на неделата 35 - (неочекувани) Шампиони

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Честито титула!

На еден куп сајтови пишува дека ова е прва за Русите по пауза од 22 години. Податок кој не ми е јасен, посебно ако се знае дека Русија како самостојна суверена држава не постои толку време. Пред 22 години некои момци по име Сабонис, Куртинаитис, Волков итд. играа една земја шампион која се викаше СССР. Нешто како онаа нашана СФРЈ.

8 comments September 17th, 2007

Оден: “Се гледаме догодина“

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Како бргу некој од “Идниот Бил Расел, Дејвид Робинсон итд. голем центар“ може да стане “Идниот Ралф Семпсон“ или не дај Боже - “Идниот Сем Боуви“?

Само прашајте го Грег Оден.

Сигурен сум дека споредбите со Боуви ќе бидат нешто што ќе се убиеме од слушање во следниве неколку дена, ако не и во текот на целата сезона, но мислам дека на момакот сепак треба да му се даде шанса да докаже дека не е д некс Семи Буи, ко што го викаат некои.

Пред некои месец дена читав интервју со Оден и првата работа која од него ја заклучив беше колку нетипичен лик за НБА играч и идна ѕвезда е момакот со лик на старец. Скромен, начитан и ептен паметен во секоја своја изјава. Не дека немаше изјави својствени за некој на негова возраст, но на прашањата на кои ќе очекуваш детси одговор, тој даваше интелектуални одговори несвојствени за некој на 19 години.

Можеби поради тоа ми е и уште покриво за веста дека момакот ќе ја пропушти цела сезона поради операција на коленото (десно). Хируршки зафат кој го имаат поминато доста НБА играчи и кој ја уништил кариерата на добар дел од нив. Сепак, некое непишано правило е дека колку играчот е помлад, шансите за камбек се поголеми. Пример за тоа се Амари Стадемаер и Зек Рендолф. Но, тука е и еден Дариус Мајлс да замати вода. Од ветераните кои го поминале ова Кид си тера без проблеми, но истата среќа ја немаа Пени Хардевеј, Алан Хјустон и Крис Вебер.

Како и да е, ова е огромен удар не само врз Блејзерси, туку и самата НБА која се подготвуваше за нова ера во својот развој од која Оден и Дурент требаа да бидат доста важен дел.

И знам, сега сите ќе се прават паметни како знаеле за тоа дека Оден бил подложен на повреди и како од прв ден се знаело дека Дурент ќе биде бољи играч. Мај ес, знаеле.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Но, има една доста добра причина за фановите на Портланд да не бидат толку очајни. Со екипата која ја имаат веројатно со Минесота и Сиетл од Западот и уште понекој од Истокот ќе бидат пак во игра за првиот пик и следната сезона, па може да се деси за 2008-09 во тимот да имаат двајца дебитанти и тоа и двајцата први пикови. Е тоа би било утеха.

Да се надеваме дека ова ќе биде истата приказна како во случајот на Амари.

ПС: Синоќа го убедував татко ми дека Русите се страшно паметни што на плус два прават фаул над Борче, а после и Тончи. Бев убеден дека, познавајќи ги двајцата, нема шанси да погодат две слободни. Така и бидна, а Френчите не ни заслужуваат да идат даље со таква баскетџиска екипа без никаква скок игра и без било каков барем малку постојан шут од надвор, а ни за слободни. Не дека Русите се многу јаки, ама тоа ти е Еуробаскет. За газењето на Швабите мислам дека нема што да се коментира. Тоа беше јасно како ден дека ќе се случи.

16 comments September 14th, 2007

Од све помалце…

Ме немаше некое време, па ајде на брзинка да фрлиме поглед на некои ствари кои се десија
последниве неколку дена…

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Д Биг Зен Мастер си го доби своето заслужено место во Спрингфилд и веднаш почнаа муабети за тоа - Кој е најголемиот тренер во историјата на НБА? Според некои анкети што ги сретнав најголемиот број на фанови смета дека таа титула му припаѓа на чичко Фил, нешто со што лично и јас се сложувам, иако секогаш кога се прави такво нешто, односно се споредуваат две големини од иста бранша, но од две различни ери во игра се фактори кои споредбите ги прават невозможни. Но, едно е сигурно - Фил Џексон е најголемиот тренер во модерната ера.

Во согласност на пригодата, на Ес-Ај направија пригодна галерија со фотки на Зенот.

Како ПС на ова горе за Фил, Доминик одржа говор при претставувањето на новите жители на “Куќата на Славните“, а ова чисто како потсетување на самиот Ник на најголемата средба во неговата кариера.

* * * * * *

НБА им даде неколку нови слободи на своите судии кога е во прашање употребата на прегледување на снимките, така што сега тие ќе имаат повеќе време да го откријат вистинскиот виновник за секоја мешаница или тепачка. Уште да им текнеше да ги прегледуваат сите одлуки во последните минути кои можат да влијаат на покривањето или не на хендикепот кај обложувачите. Така ќе нема шанса за нов Тим Донахи

* * * * * *

Америте си се прошетаа низ Вегас конечно играјќи како што од нив и се очекува. Со вистински подготовки за Пекинг мислам дека и на ОИ, освен можеби Еспања, нема да им има рамни.

* * * * * *

На Еуробаскет се игра една од најбедните кошарки кои сум ги видел до сега, ама барем резултатите се тесни, иако кога ќе се собере збирот на поени на една средба тој е еднаков на тој на едно НБА полувреме. Да не зборам за Грцине на кои им требаат две утакмици да искомбинираат стотка. Пријатно изненадување - Словенија и Литванија, непријатно - Турција.

Сепак, кога зборуваме за Турците, па и сите останати балканци се мора да се прими резерва затоа што зборуваме за тимови во кои емоциите се многу поизразени од фокусот на конечната цел.

* * * * * *

Дарко си лапна казна од 40 илјадарки за неговата сочна изјава после поразот од Грците. Она што е поважно од целиот муабет е дека во Мемфис уште сега не се среќни од речникот на Миличиќ. Таму си мислеле дека добиваат скромен европски центар подготвен да каже се со својата игра на теренот, а не некој со уличарски речник и исто такво однесување.

Убаво ми рече Арсиќ - “Тешко им на нив со него“, кога му кажав дека Дарко го потпишале Гризлиси.

* * * * * *

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Во врска со муабетот за Фил малце погоре, тренерот си застана на страната на Коби во врска со тоа дека на Лејкерси им требаат многу поквалитетни играчи од тие кои ги имаат. Тоа уште повеќе ги става во тесно Мич Купчак и газдата Џери Бас, кои немаат шанси сега кога сите возови поминаа да донесат ол-стар играч во Ел-Еј. Иначе, Коби слободното време го искористи за промоција на својата нова колекција по најголемиот пазар - Далечниот Исток.

Се читаме, се надевам почесто…

8 comments September 10th, 2007

Си биле Дарко, Андреа и Марко…

Time is not on my side…

Во отсуство на време еве две клипчиња поврзани со ЕП во Еспања. Првиот стана веќе познат, а се однесува на елоквентноста на Дарко после поразот од Грција. Што викаше другар ми Дарко(сосема случајно имаат исти имиња) - Два факултета си се два факултета!

* * * * * *

Во вториов клип главни фаци се двајца момци кои за разлика од Дарко уште се дел од ЕП и кои се многу поцивилизирани од вториот пик на драфтот 2003 год. Ко да е тоа многу тешко.

PS: Ненад, немам време да ти одговорам на постот:)

14 comments September 6th, 2007

Previous Posts


Календар

September 2007
M T W T F S S
« Aug   Oct »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Архива

Категории