Archive for August 17th, 2007

Лов на ирваси

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Со мало закаснување почнуваме да се бавиме со нашата репрезентација која вечер ја игра првата домашна текма од баражот за бараж за ЕП во Шпанија.

Што се деси во Естонија во понеделникот веројатно поголемиот дел од вас виде и после тој пораз од иначе ништо посебно тимот на Еести сега немаме никакво право на кикс. Во Талин имавме две тотално различни полувремиња, Прво - во кое имавме тешки нозе, пуцавме тројки без контрола и не игравме некоја посебно одбрана, односно без некој посебен интензитет и Второ - во кое целосно ги надигравме домаќините, но на крајот сепак се врзавме во раце и нозе и им дозволивме да победат.

Сега останува само да се надеваме дека стварите ќе си продолжат по очекуваната нагорна линија, па со победа вечер (“Јане Сандански“ - 20:30) над Швеѓаните ќе стартуваме серија од три победи по ред кои ќе не однесат на Менорка.

За тоа дека имаме проблеми со составот и некои играчи и нивната недоволна подготвеност нема потреба да се зборува, но реално сме подобри и од Естонија и од Шведска. Е сега, дали тоа ќе го докажеме таму каде што е најважно останува на нашите момци и селекторот Арсиќ.

Се гледаме вечер во Аеродром.

7 comments August 17th, 2007


Календар

August 2007
M T W T F S S
« Jul   Sep »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории