Инквизиција
После Барса и шпанската репрезентација, Хуан Карлос и Пау пак ќе играат заедно од новата сезона, овој пат во Мемфис.
Потегов на Гризлиси им е доста паметен, не само поради играчките квалитети на Наваро, него поради фактот дека тој му е многу добар пријател на Пау и дека со ова тој најверојатно малце ќе олади од желбата да го трампаат во некој појак тим.
Не дека со Наваро (и Дарк-О и Конли) Мемфис е нешто ептен појак од лани, ама вака барем Гасол ќе има со кого да си кажува вицеви на шпански и да се зеза на сметка на Дарк-О.
Плус, дилот се случи во задњи момент пред Барса да го повлече Хуан Карлос назад и да му ја триплира откупната сума што ќе значеше НБА-никад за него
ПС: Мајами пак извиси и не успеа да го лапне ни Наваро. Им остана Смуш како засилување.
21 comments August 6th, 2007
