Archive for August, 2007
Конечно бидна преселбава на серверот, па иако немам време ај да постирам нешто. Првата ствар од двете кои го одбележаа периодот додека серверот се селеше е нашиот пласман на баражот на Менорка каде со старите “пријатели“ Босна и Израел од денеска решаваме за тоа кој ќе биде задњиот патник на ЕП. Ајде, момци!
Втората ствар е газењето кое Америте им го прават на другите земји од двете Америки. Овој тим на САД стварно изгледа страшно. Исто како и куцањево на Леброн преку Канаѓанецот Далембер.
August 29th, 2007
Одамна не сум бил на утакмица со таква атмосфера и таков емотивен набој на трибините, а и на теренот како синоќа во Аеродром. Не само што ги згазивме Естонците со плус 45 него со тоа и веројатно си го отворивме патот до баражот за ЕП на Менорка и што е уште поважно, си ја најдовме играта.
На сликата е Јане - Голем маж, кој го имаше своето деби и одлично го замени Врба како прв плеј во последната и дел од третата четвртина. На ред се Швеѓаните во сабота.
August 23rd, 2007
Минатиот петок, на 25 години починал Еди Грифин. Екс-крилото на Рокетси, Нетси и Минесота. Тужно, ама некако момакот никогаш не бил зрел за животот во НБА. Испадна дека не бил зрел за животот воопшто.
August 22nd, 2007
Со мало закаснување почнуваме да се бавиме со нашата репрезентација која вечер ја игра првата домашна текма од баражот за бараж за ЕП во Шпанија.
Што се деси во Естонија во понеделникот веројатно поголемиот дел од вас виде и после тој пораз од иначе ништо посебно тимот на Еести сега немаме никакво право на кикс. Во Талин имавме две тотално различни полувремиња, Прво - во кое имавме тешки нозе, пуцавме тројки без контрола и не игравме некоја посебно одбрана, односно без некој посебен интензитет и Второ - во кое целосно ги надигравме домаќините, но на крајот сепак се врзавме во раце и нозе и им дозволивме да победат.
Сега останува само да се надеваме дека стварите ќе си продолжат по очекуваната нагорна линија, па со победа вечер (“Јане Сандански“ - 20:30) над Швеѓаните ќе стартуваме серија од три победи по ред кои ќе не однесат на Менорка.
За тоа дека имаме проблеми со составот и некои играчи и нивната недоволна подготвеност нема потреба да се зборува, но реално сме подобри и од Естонија и од Шведска. Е сега, дали тоа ќе го докажеме таму каде што е најважно останува на нашите момци и селекторот Арсиќ.
Се гледаме вечер во Аеродром.
August 17th, 2007
Пени…некад.
August 14th, 2007
После муабетот за можен камбек на Реџи во Бостон, вo што искрено сумњам, уште еден бек од 90-те е актуелен. То ест, уште два бека од 90-те и почетокот на новиот милениум се спомнуваат во сличен камбек муабет.
Едниот е Пени Хардевеј кој успеа да добие договор од Мајами каде после 11 години пауза пак ќе игра заедно со Шек.
Вториот е Алан Хјустон, кој кога виде дека се зборува за камбек на од него шест години постариот Реџи, заборави на артритисот во левото колено.
Освен што се интересни за спомнување и враќање спомени, Пени и Хјустон веќе не се никакви фактори и стварно не менуваат ништо во екипите кои ги или ќе ги потпишат. Неколку години без играње кошарка сами по себе се голема пречка за камбек, а камо ли кога тие години биле исполнети со болки во колената и операции. Сепак, ќе биде интересно да се видат Пени, а можеби и Хјустон пак во НБА дрес. Не дека ќе играат нешто многу, ама пак…
ПС: Кој е следен за камбек?
August 10th, 2007
Ова за малце ќе заборавев да го спомнам.
Вчера сосема случајно гледајќи од кои све линкови не читале, налeтав на овој блог. Самиот блог сам по себе и нема некоја важноста за МакНБА да не видов од каде дошол самиот линк.
Постот се вика: NBA-Macedonia Emergency Meeting, и почнува вака…
NBA-Serbia & Montenegro: Have you all heard? NBA-Macedonia has broken off and gone on own. He’s got Game of Death. We must do something. We take action!
NBA-Slovenia (smoking cigarette): Why am I here? I am not Former Yugoslavia. I have big GNP… big like ox!
NBA-Bosnia & Herzegovnia: Oh, no, here we go again…
За повеќе, клик тука.
August 9th, 2007
Previous Posts