Archive for July 23rd, 2007

Местенка

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Бирото за истраги на САД, ФБИ од минатата седмица ја спроведува својата истрага по обвинувањата дека НБА судијата Тим Донахи директно влијаел на конечниот резултат на средбите на кои тој ја делел правдата или пак на кои тој или неговите познаници и партнери се обложувале.

Според личност која е директно поврзана со целата проблематика, агентите на ФБИ истражуваат дали Донахи се обложувал на НБА средби изминативе две сезони и дали од декември 2006 година тој донел некоја одлука со која директно влиајел на конечната разлика со која завршила средбата која тој ја судел и дали за тоа бил мотивиран директно од претставниците на организираниот криминал. Централниот комитет на ФБИ веќе неколку месеци во тајност ја спроведуваше својата акција и за очекување е во рок од неколку недели тие да ги соопштат резултатите од целото истражување.

За 40-годишниот Донахи минатата сезона беше 13-та во судиската кариера, а според луѓето кои се вклучени во целата истрага, тој веќе некое време е запознаен со акцијата на ФБИ. Донахи поднесе оставка на своето работно место како НБА судија пред само десетина дена и ќе мора да им се предаде на органите на законот доколку биде утврдено дека навистина бил вмешан во местење средби.

НБА комесарот Дејвид Стерн, сосема очекувано, веднаш откако се појави веста за можната вмешаност на Донахи во овој скандал, излезе со официјално соопштение.

“Сакаме да им ставиме до знаење на своите фанови дека правиме с$ што е во наша моќ да им помогнеме на федералните агенти истрагата со цел да се изнесе пред лицето на правдата личноста која ја предаде највозвишената задача во професионалниот спорт. Правиме с$ и да ги преземе сите можни чекори ваквите работи никогаш повеќе да не се повторат” - стоеше во соопштението на Стерн кој додаде дека прес на таа тема ќе биде одржан во текот на оваа седмица.

Гери Бенсон, кој пред две години се пензионираше по 17 години како НБА судија беше шокиран од веста за вмешаноста на Донахи во местењето средби.
“Навистина сум шокиран. Тоа се луѓето со кои работите и со кои буквално поминувате повеќе време отколку со своето семејство. Со Донахи работевме заедно на само неколку средби и никогаш не станавме повеќе од само колеги” - рече Бенсон.

Иако на актуелните НБА судии во договор со лигата им е забрането да даваат изјави по медиумите, еден поискусен судија кој сакаше да остане анонимен за “Њујорк Тајмс” го изјави следново:
“Ни на крај на памет не ви е дека некој од вашите колеги би можел да направи нешто така глупаво како што е обложувањето на НБА средби и манипулирањето со конечниот резултат. Кога пред некои десетина дена тој поднесе оставка, јас и останатите судии знаевме дека нешто не е во ред. Никој туку-така не се откажува од оваа работа по 13 успешни сезони. Оваа вест само ги потврди нашите најголеми сомнежи и е вистинска ноќна мора за сите нас”

Според истиот медиум од “Големото јаболко”, ниту еден друг судија не е дел од истрагата на ФБИ која е најмногу сконцентрирана на тоа дали Донахи директно влијаел на конечната разлика на 10-15 од 60-те средби кои гу судел од декември минатата година до крајот на сезоната. Според нив, Донахи веќе некое време се обложувал поради што влегол во долгови. Под притисок на неговите партнери кои се заканиле дека ќе го пријават во НБА, тој се согласил да соработува со членовите на организираниот криминал.

Во судиската кариера Донахи и претходно имаше неколку контроверзни ситуации. По една средба на Портланд во јануари 2003 година, тој доби физички закани од страна на темпераментниот Рашид Волас кога тие се сретнаа на излегување од арената. Волас, на кого Донахи му “свирна” техничка грешка на таа средба по тој инцидент беше суспендиран со неколку средби неиграње од страна на лигата.
Донахи беше дел од судиската тројка која ја делеше правдата на дуелот на Лејкерси и Сакраменто во април 2004 година која Кингси ја добија со 102-85. За таа средба Шекил О’Нил,кој тогаш настапуваше за тимот од Лос Анџелес изјави дека победникот бил решен пред средбата воопшто да започне.

Во април 2005 година, тренерот на Бостон, Док Риверс откако беше исклучен од средба од страна на Донахи, го обвини судијата дека е пристрасен, посено кон него. Тогаш се појави веста дека Риверс поднел официјална жалба до челниците на лигата, но по тоа целата приказна падна во заборав.
Инаку, тој беше дел од судиската тројка која ја работеше озлогласената средба помеѓу Детроит и Индијана во ноември 2004 година која остана запаметена по масовната тепачка како еден од најсрамните моменти во историјата на НБА. Сепак, илузорно е да се зборува за било каква вина на Донахи во тој инцидент.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Според некоја слободна проценка, годишните облози на НБА средби во САД се вредни околу 250 милиони долари, а најголемиот дел од облозите не е поврзан со тоа кој Ќе биде победник, туку со тоа со колкава разлика некој ќе победи или загуби.
Во изминатите две сезони Донахи ја делел правдата на вкупно 131 средба од регуларниот дел на сезоната и на осум плеј-оф средби. Во тој период тој им судел на сите НБА екипи барем по пет пати, додека дури 15 пати ја делел правдата на средбите на Мајами.

16 comments July 23rd, 2007


Календар

July 2007
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

Архива

Категории