Franchise - Redux, Коби = 10>9 и најлошиот НБА фриз
После три години со три различни екипи, Стиви Френсис одлучи да се врати во тимот со кој успеа на три пати да стане ол-стар играч. Овој пат работите стојат бааги поинаку и Стиви ни од далеку више не е главниот фраер во градот.
Тука е Ти-Мек, поради кого Френсис и беше испратен во Орландо, а и Јаоза стана легитимна ѕвезда. Можеби таквата ситуација ќе се покаже како добра за враќање. колку е тоа можно на кариерата на Френсис на старите патеки.
После втората половина од престојот во Орландо и она во Њујорк, Стиви сигурно гори од желба да покаже дека уште му е местото во НБА. Тоа што го бараа и Далас и Мајами (и Клиперси) сигурно значи нешто.
Еве го текстот за Френчајз кој тука одеше пред некое време…
Френчајз но мор
February 27th, 2007 at 11:14am Karakash
Јас и Шеп уште првата секунда по трејдот на Френсис од Орландо во Њујорк, тоа го оценивме како пропаст. Но, кој не слуша нас. Сега по се изгледа Стиви ќе стане само уште еден во низата играчи на Њујорк (Мутомбо, Џ.Роуз, Mo Тејлор…) кои ја имале таа чест да им биде откупен договорот според кој заработувале колку што е и буџетот на некоја банана република, како нашава. Но, тоа не е мој проблем.
Она што мене не ми е јасно е - Како е можно еден играч за толку кратко време да падне толку ниско? Мислам, не зборуваме за некој кој имал само една-две добри сезони во лигата, па потпишал дебел договор на превара. Не случајно прекарот на Стиви му беше Френчајз, а кога играше во Рокетси беше еден од најкомплетните комбо бекови во лигата, често со просек од преку 20 поени и над пет скокови и асистенции.
Јасно на сите им беше дека Орландо е оштетен со трампата во која го пратија Мекгрејди во Хјустон за Стиви, неговиот најдобар другар Мобли и Келвин Кејто, но Ти-Мек си бараше трејд, а во таква ситуација е многу тешко да се најде тамам компензација преку трејд.
Видете ги само Сиксерси сезонава со Ајверсон, или Лејкерси со Шек пред некое лето. Мене Стиви, барем до последната сезона во Хјустон, ми беше еден од поомилените НБА играчи. Не само поради тоа што можеше буквално се да направи на теренот, него и поради тоа што редовно беше некако во сенка на другите, попознати фаци од поголемите клубови. Некако ми беше аутсајдер во секоја приказна, а тие, нели, секогаш се попривлечни да се навива за нив.
Арно ама, уште во првиот момент кога Френсис почна да отсуствува од утакмиците на Рокетси поради неразјаснети причини, а во секој извештај беше наведувано дека причината се главоболки - знаев дека има нешто. После тоа се испостави дека Стиви навистина имал проблеми со мигрена, но и дека одбивал да биде третиран од тимските лекари. Тоа само уште повеќе го направи сомнителен за сите во Хјустон. Тоа и неможноста никако да ги издигне Рокетси над првата рунда, иако рака на срце, имаше феноменален просек од некои 29, 7, и 9 (мислам) во онаа серија со Лејкерси пред три години.
Кога па уште изјави дека ако го трампаат другар му Мобли тој не би сакал да остане во Хјустон, тука почнаа сите приказни дека момакот не е сериозен. Да не зборувам за оние злобните во кои се трачаше дека можеби се и нешто повеќе од само другарчиња со Катино. Бидна трејдот на Флорида и во првата сезона Стиви беше доста добар. Но, само што уследи втората сезона во Орландо почнаа проблемите. Да не спомнувам и дека и се налути на управата на клубот кога го трампаа Катино?!?!? Тука некаде падот на Френсис започнува, а кулминира со трејдот во Никси - рупата за играчи како него.
Во немилост на Браун, миленик на Ајзеа и сосема разбирливо со оглед на тоа каква улога имал во клубовите во кои играл порано, неспособен да се навикне на Никси. Нешто на што не може да му се замери со оглед дека таму тешко дека некој може да се вклопи. Оваа година Френсис е повеќе дух, отколки НБА играч.
И тоа што го изигра како да не го изигра. Никој не го видел, ни приметил. Сега веројатно следува и откуп и подолг период без клуб, затоа што со повредено колено тешко дека некој ќе го поптише.
Јас искрено, сакам да го видам стартиот Френчајз, ама ни еден играч не успеал да застане на нозе после чистилиштето наречено Њујорк. Да се надеваме дека тој ќе биде исклучок.
* * * * * *
Идеме даље…
Мислам дека никој не е зачуден од бројот кој Коби ќе го носи за Америка на Олимписките квалификации. Кобстер си ја избра десетката. Колку за потсетување, Мајкл на времето го носеше дресот со број девет за својата земја. Коби е пак бољи за еден. Барем тој си мисли така.
* * * * * *
Новата најлоша фризура во НБА. Мини-џигерицата на Гуден нема шанси со ваков фриз. Што мислите, кој вака си ја заебал главата?
13 comments July 20th, 2007


