Дарк-Оооо
Нешто посебно не мислев да пишувам за Дарк-О, ама еден разговор кој го имав минатата недела ме натера на тоа.
Во петокот за потребите на ЕСпорт направив интервју со новиот ни селектор во кошарка, Јовица Арсиќ, муабет кој ќе биде дел од идниот број кој ќе излезе негде околу седми август. Покрај стварите за кои разговаравме, поврзани со неговата кариера и нашата репрезентација и играчи, морав да го прашам Арсиќ и за Миличиќ затоа што тој доста добро ги познава сите играчи од младинските категории на Србија. Човекот бил селектор на јуниорска и мислам младинската репрезентација итд…
Кога му го спомнав Дарк-О, Арсиќ почна да се смее. Сам ја спомна ситуацијата со Орландо кој се повлекол од преговорите за нов договор, посакувајќи му среќа на секој тим кој ќе му ги даде тие десетина милиони на Миличиќ, кои тој ги бара.
Кога го спомнав како проблематичен пристапот на играта и работите од страна на Дарк-О, тренерот ми кажа дека момакот во глобала има проблем со пристапот на животот и дека имал кусо искуство со Миличиќ година или две тој да биде избран од Детроит. Арсиќ го повикал момакот на подготовки како најдобар во својата генерација, а сето тоа траело само неколку дена пред Јовица лично да го избрка Даре од подготовките. Не мора да објаснувам поради што. Само ми кажа дека глупостите кои Миличиќ ги направил за само еден ден повеќето играчи не ги прават за цела кариера.
Кога валво нешто ќе ти каже човек кој имал прилика да работи со некој играч, нема зошто да не му се верува. А и, не дека ми требаше некој да ми каже за да знам каква шупелка е Дарк-О.
Е сега, можеби и ќе се најде тим кој ќе му го даде тоа што го бара. Уствари, сигурно ќе се најде, затоа што високите играчи кои знаат барем малце кошарка се врста на изумирање. Сепак, проблемите во главата на Миличиќ се нешто со што не верувам дека ни еден озбилен тренер би сакал да се занимава.
Но, гледајќи го Марбери на клипот од пред некој пост ми се чини дека тие проблеми со пристапот на животот и не се толку невообичаени за професионалниот спорт.
6 comments July 9th, 2007
