Фотка на неделата 30 - Jesus
Тивко, како што беше и кога заврши во Сиетл, помина трејдот на Реј Ален во уште еден тим во кој ќе го носи зелениот дрес. (Ви текнува на темно-зелените дресови на Бакси со еленот напред?)
Бостон го доби најдобриот шутер во лигата, а тоа никогаш не е мала работа. Не дека ќе бидат конкуренти за титула, ама со овој состав, со Пол Пирс како ѕвезда и Ал Џеферсон како лидер на младите момци, плеј-офот би можел да биде доста блиску на бедниот Исток. Ланската сезона сигурно нема да се повтори.
Што се однесува до Џизус Шатлсворт, тоа што тој сака работите во кариерата да му течат тивко не значи дека е и таков како играч. Неговата игра отсекогаш била доволна гласна за да замолкне цела арена.
Во Бостон ќе им биде убаво со него.
2 comments July 3rd, 2007
