Archive for July 2nd, 2007

Омрсување

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Винс е првиот кој ќе добие продолжување на договорот за несфатливи 61,8 милиони за четири години, потег за кој треба доживотно да му бацува рака на неговиот менаџер.

Чудно е како Нетси се одлучија да фрлат толкави пари на Винс за кого ни една друга екипа не планираше да понуди ни доста помала сума. Шарлот се одлучи за Ричардсон, а Орландо ќе го брка Рашард. Вака само си го сјебаа селари-капот за следните четири години.

Што мислам за Винс мислам дека ви е познато…еве дел од еден постар пост:

* * * * * *

Вчера ги гледав Нетси и Мајами и одличниот камбек и победа на шампионот, кој покажа заби и покажа зашто Нетси им се редовни пациенти последно време. Она што го покажа Мајами е токму она што Нетси сонуваат да го имаат, а веројатно никад, или во блиската иднина нема да го имаат. Народски тоа се вика МУДА.

Стално кога ги гледам Нетси имам еден проблем, а тоа е што не знам кој Винс Картер ќе се појави на теренот. Не кријам дека на времето кога почна во лигата ми беше еден од најомилените играчи, ама па и не кријам дека помина долго време откако Винс ми бил, во најмала рака - интересен. Знам дека меѓу вас има големи фанови на типот, ама уште од ОИ во Сиднеј кога се понашаше како гето-фраер и беше лут на секој кој се осмелеше да му врати збор или не дај Боже да поентира преку него, Винс ми е, пак народски кажано - МИФКА.

Во целава прича го ставам талентот на страна, зошто тој никако не е спорен. Но, имало многу фаци низ НБА за кои талентот не бил спорен, но го немале она другото што е потребно да се стане играчиште. Сега доаѓаме до факторот МУДА и до синоќешниот дуел со Нетси во кој очигледно беше на чија страна се мудата и очигледно беше зошто некој редовно испаѓа во 1. или 2. рунда од плеј-офот. Како и зошто некој е актуелен МВП на Финалето по само три години во лигата.

Ако ОИ 2000 беа моментот кога Винс почна да го губи сјајот, повредите (за кои тој не си е крив) и фолирањето во Торонто го направија еден од најомразените ликови во Торонто и Канада. Тоа кулминираше со неговите изјави дека намерно играл слабо последните година и пол за Репторси за да ги убеди да го трампаат. Тоа се зборови од играч на кого му се плаќаат огромни пари за да дава секој вечер 100% од себе и својот талент на теренот?!?!?! Винс е веројатно првиот играч кој не бил стварно слаб, ама играл слабо само за да го трампаат. После трејдот Картер се препороди, но само како играч. Истиот гето лик остана присутен во неговите изјави, а во интервјуата после трејдот даваше изјави од типот дека во Канада и Торонто со него се однесувале расистички и дека не го сакале зошто е црнец??!?!

Во англискиот јазик има еден поим DRIVE со кој се опишува она што те тера напред, што те тера да бидеш најуспешен, најдобар. И покрај сиот талент, Винс за разлика од Вејд, Коби, Леброн, Ајверсон и останатите од НБА елитата тоа го нема кај себе и токму затоа во сите анализи е таму негде околу 20-то место на ТОП НБА листата. Винс веројатно и сезонава ќе реши понекоја утакмица и ќе биде херој на Нетси, ама тоа нема да го мрдне погоре на листата. Посебно не со надоаѓањето на гладните млади ѕвезди.

Кога гледате било кое од имињата кои ги спомнав погоре, кај секој од тие играчи во очите се гледа желбата за победа. Кога ќе ја направат онаа фаца кога знаете дека што и да направи одбраната, нема да може никој да ги спречи во таа намера. Кај Винс таа фаца и тој поглед ги нема. Ги немало никад. Ни на NC, ни во Торонто, а ни во Нетси. Да ги имаше, немаше ни да го пишувам овој пост.

И целиов муабет без она негово одбивање, па дури по пола саат убедување, прифаќање да му отстапи место на Мајкл на Ол-Старот во Атланта, лошата селекција на шутот, расипаните односи со голем број бивши соиграчи, честото фолирање повреди, како и изјавите летово дека му е убаво во Нетси, ама следното лето би сакал да игра поблиску со дома. Мифка.

6 comments July 2nd, 2007


Календар

July 2007
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

Архива

Категории