Фото на неделата 33 - Celtic Pride 2
Бидна. Кеј-Џи е Селтик. Иначе, 21-от, кој нормално е пензиониран, Гарнет ќе го замени со 5-та, а Бостон е пак каков-таков фактор на Истокот.
ПС: Фотката е сменета.
25 comments July 31st, 2007
Бидна. Кеј-Џи е Селтик. Иначе, 21-от, кој нормално е пензиониран, Гарнет ќе го замени со 5-та, а Бостон е пак каков-таков фактор на Истокот.
ПС: Фотката е сменета.
25 comments July 31st, 2007
Sources this morning are confirming that the Celtics’ deal for Kevin Garnett is essentially completed.
One involved source said the final package will have the Celts sending Al Jefferson, Ryan Gomes, Gerald Green, Sebastian Telfair, Theo Ratliff and a No. 1 pick to Minnesota to acquire Garnett. Further word is that the Celts and Garnett have reached an agreement in principle on a contract extension.
You may recall a report here that Danny Ainge would not do the deal without such a guarantee of Garnett’s presence, and it appears now that the perennial All-Star is willing to forego the opt-out in his current deal for next summer and cast his lot with Paul Pierce, Ray Allen and the Celtics.
По се изгледа дека ќе го добиеме блокбастер трејдот кој сите го очекуваа летово и тоа во Кевин Гарнет и негова трампа во Бостон, за кој пред само нешто преку месец дена тој изјави дека не планира никогап да заигра.
Што му го сменило мислењето? Веројатно Реј Ален кого Селтикси го добија на драфтот во размена за 5, пик Џеф Грин, Воли Шкасбајбакоаихјак и Делонте Вест. Ако трејдов навистина се случи и тоа со овие играчи на Бостон кои се спомнати подолу, Селтикси од еден од најмладите стануваат еден од најстарите тимови во лигата. А и пак, по подолго време стануваат каков-таков фактор на Истокот со Кеј-Џи, Ален и Пол Пирс.
Ако нешто не ми се свиѓа од целава работа тоа е што Бостон го губи и Рајан Гомес, кој би бил одлична замена за Гарнет и Џералд Грин, кој има доста простор за напредок. Ал Џеферсон е жртва која мора да се направи, а откачувањето на Телфер е голем бонус.
3 comments July 30th, 2007
Размислете два пати пред да пробате да куцате на монтажен кош.
Ова за Реџи Буш. Такозвани.
5 comments July 25th, 2007
Бирото за истраги на САД, ФБИ од минатата седмица ја спроведува својата истрага по обвинувањата дека НБА судијата Тим Донахи директно влијаел на конечниот резултат на средбите на кои тој ја делел правдата или пак на кои тој или неговите познаници и партнери се обложувале.
Според личност која е директно поврзана со целата проблематика, агентите на ФБИ истражуваат дали Донахи се обложувал на НБА средби изминативе две сезони и дали од декември 2006 година тој донел некоја одлука со која директно влиајел на конечната разлика со која завршила средбата која тој ја судел и дали за тоа бил мотивиран директно од претставниците на организираниот криминал. Централниот комитет на ФБИ веќе неколку месеци во тајност ја спроведуваше својата акција и за очекување е во рок од неколку недели тие да ги соопштат резултатите од целото истражување.
За 40-годишниот Донахи минатата сезона беше 13-та во судиската кариера, а според луѓето кои се вклучени во целата истрага, тој веќе некое време е запознаен со акцијата на ФБИ. Донахи поднесе оставка на своето работно место како НБА судија пред само десетина дена и ќе мора да им се предаде на органите на законот доколку биде утврдено дека навистина бил вмешан во местење средби.
НБА комесарот Дејвид Стерн, сосема очекувано, веднаш откако се појави веста за можната вмешаност на Донахи во овој скандал, излезе со официјално соопштение.
“Сакаме да им ставиме до знаење на своите фанови дека правиме с$ што е во наша моќ да им помогнеме на федералните агенти истрагата со цел да се изнесе пред лицето на правдата личноста која ја предаде највозвишената задача во професионалниот спорт. Правиме с$ и да ги преземе сите можни чекори ваквите работи никогаш повеќе да не се повторат” - стоеше во соопштението на Стерн кој додаде дека прес на таа тема ќе биде одржан во текот на оваа седмица.
Гери Бенсон, кој пред две години се пензионираше по 17 години како НБА судија беше шокиран од веста за вмешаноста на Донахи во местењето средби.
“Навистина сум шокиран. Тоа се луѓето со кои работите и со кои буквално поминувате повеќе време отколку со своето семејство. Со Донахи работевме заедно на само неколку средби и никогаш не станавме повеќе од само колеги” - рече Бенсон.
Иако на актуелните НБА судии во договор со лигата им е забрането да даваат изјави по медиумите, еден поискусен судија кој сакаше да остане анонимен за “Њујорк Тајмс” го изјави следново:
“Ни на крај на памет не ви е дека некој од вашите колеги би можел да направи нешто така глупаво како што е обложувањето на НБА средби и манипулирањето со конечниот резултат. Кога пред некои десетина дена тој поднесе оставка, јас и останатите судии знаевме дека нешто не е во ред. Никој туку-така не се откажува од оваа работа по 13 успешни сезони. Оваа вест само ги потврди нашите најголеми сомнежи и е вистинска ноќна мора за сите нас”
Според истиот медиум од “Големото јаболко”, ниту еден друг судија не е дел од истрагата на ФБИ која е најмногу сконцентрирана на тоа дали Донахи директно влијаел на конечната разлика на 10-15 од 60-те средби кои гу судел од декември минатата година до крајот на сезоната. Според нив, Донахи веќе некое време се обложувал поради што влегол во долгови. Под притисок на неговите партнери кои се заканиле дека ќе го пријават во НБА, тој се согласил да соработува со членовите на организираниот криминал.
Во судиската кариера Донахи и претходно имаше неколку контроверзни ситуации. По една средба на Портланд во јануари 2003 година, тој доби физички закани од страна на темпераментниот Рашид Волас кога тие се сретнаа на излегување од арената. Волас, на кого Донахи му “свирна” техничка грешка на таа средба по тој инцидент беше суспендиран со неколку средби неиграње од страна на лигата.
Донахи беше дел од судиската тројка која ја делеше правдата на дуелот на Лејкерси и Сакраменто во април 2004 година која Кингси ја добија со 102-85. За таа средба Шекил О’Нил,кој тогаш настапуваше за тимот од Лос Анџелес изјави дека победникот бил решен пред средбата воопшто да започне.
Во април 2005 година, тренерот на Бостон, Док Риверс откако беше исклучен од средба од страна на Донахи, го обвини судијата дека е пристрасен, посено кон него. Тогаш се појави веста дека Риверс поднел официјална жалба до челниците на лигата, но по тоа целата приказна падна во заборав.
Инаку, тој беше дел од судиската тројка која ја работеше озлогласената средба помеѓу Детроит и Индијана во ноември 2004 година која остана запаметена по масовната тепачка како еден од најсрамните моменти во историјата на НБА. Сепак, илузорно е да се зборува за било каква вина на Донахи во тој инцидент.
Според некоја слободна проценка, годишните облози на НБА средби во САД се вредни околу 250 милиони долари, а најголемиот дел од облозите не е поврзан со тоа кој Ќе биде победник, туку со тоа со колкава разлика некој ќе победи или загуби.
Во изминатите две сезони Донахи ја делел правдата на вкупно 131 средба од регуларниот дел на сезоната и на осум плеј-оф средби. Во тој период тој им судел на сите НБА екипи барем по пет пати, додека дури 15 пати ја делел правдата на средбите на Мајами.
16 comments July 23rd, 2007
После три години со три различни екипи, Стиви Френсис одлучи да се врати во тимот со кој успеа на три пати да стане ол-стар играч. Овој пат работите стојат бааги поинаку и Стиви ни од далеку више не е главниот фраер во градот.
Тука е Ти-Мек, поради кого Френсис и беше испратен во Орландо, а и Јаоза стана легитимна ѕвезда. Можеби таквата ситуација ќе се покаже како добра за враќање. колку е тоа можно на кариерата на Френсис на старите патеки.
После втората половина од престојот во Орландо и она во Њујорк, Стиви сигурно гори од желба да покаже дека уште му е местото во НБА. Тоа што го бараа и Далас и Мајами (и Клиперси) сигурно значи нешто.
Еве го текстот за Френчајз кој тука одеше пред некое време…
Френчајз но мор
February 27th, 2007 at 11:14am Karakash
Јас и Шеп уште првата секунда по трејдот на Френсис од Орландо во Њујорк, тоа го оценивме како пропаст. Но, кој не слуша нас. Сега по се изгледа Стиви ќе стане само уште еден во низата играчи на Њујорк (Мутомбо, Џ.Роуз, Mo Тејлор…) кои ја имале таа чест да им биде откупен договорот според кој заработувале колку што е и буџетот на некоја банана република, како нашава. Но, тоа не е мој проблем.
Она што мене не ми е јасно е - Како е можно еден играч за толку кратко време да падне толку ниско? Мислам, не зборуваме за некој кој имал само една-две добри сезони во лигата, па потпишал дебел договор на превара. Не случајно прекарот на Стиви му беше Френчајз, а кога играше во Рокетси беше еден од најкомплетните комбо бекови во лигата, често со просек од преку 20 поени и над пет скокови и асистенции.
Јасно на сите им беше дека Орландо е оштетен со трампата во која го пратија Мекгрејди во Хјустон за Стиви, неговиот најдобар другар Мобли и Келвин Кејто, но Ти-Мек си бараше трејд, а во таква ситуација е многу тешко да се најде тамам компензација преку трејд.
Видете ги само Сиксерси сезонава со Ајверсон, или Лејкерси со Шек пред некое лето. Мене Стиви, барем до последната сезона во Хјустон, ми беше еден од поомилените НБА играчи. Не само поради тоа што можеше буквално се да направи на теренот, него и поради тоа што редовно беше некако во сенка на другите, попознати фаци од поголемите клубови. Некако ми беше аутсајдер во секоја приказна, а тие, нели, секогаш се попривлечни да се навива за нив.
Арно ама, уште во првиот момент кога Френсис почна да отсуствува од утакмиците на Рокетси поради неразјаснети причини, а во секој извештај беше наведувано дека причината се главоболки - знаев дека има нешто. После тоа се испостави дека Стиви навистина имал проблеми со мигрена, но и дека одбивал да биде третиран од тимските лекари. Тоа само уште повеќе го направи сомнителен за сите во Хјустон. Тоа и неможноста никако да ги издигне Рокетси над првата рунда, иако рака на срце, имаше феноменален просек од некои 29, 7, и 9 (мислам) во онаа серија со Лејкерси пред три години.
Кога па уште изјави дека ако го трампаат другар му Мобли тој не би сакал да остане во Хјустон, тука почнаа сите приказни дека момакот не е сериозен. Да не зборувам за оние злобните во кои се трачаше дека можеби се и нешто повеќе од само другарчиња со Катино. Бидна трејдот на Флорида и во првата сезона Стиви беше доста добар. Но, само што уследи втората сезона во Орландо почнаа проблемите. Да не спомнувам и дека и се налути на управата на клубот кога го трампаа Катино?!?!? Тука некаде падот на Френсис започнува, а кулминира со трејдот во Никси - рупата за играчи како него.
Во немилост на Браун, миленик на Ајзеа и сосема разбирливо со оглед на тоа каква улога имал во клубовите во кои играл порано, неспособен да се навикне на Никси. Нешто на што не може да му се замери со оглед дека таму тешко дека некој може да се вклопи. Оваа година Френсис е повеќе дух, отколки НБА играч.
И тоа што го изигра како да не го изигра. Никој не го видел, ни приметил. Сега веројатно следува и откуп и подолг период без клуб, затоа што со повредено колено тешко дека некој ќе го поптише.
Јас искрено, сакам да го видам стартиот Френчајз, ама ни еден играч не успеал да застане на нозе после чистилиштето наречено Њујорк. Да се надеваме дека тој ќе биде исклучок.
* * * * * *
Идеме даље…
Мислам дека никој не е зачуден од бројот кој Коби ќе го носи за Америка на Олимписките квалификации. Кобстер си ја избра десетката. Колку за потсетување, Мајкл на времето го носеше дресот со број девет за својата земја. Коби е пак бољи за еден. Барем тој си мисли така.
* * * * * *
Новата најлоша фризура во НБА. Мини-џигерицата на Гуден нема шанси со ваков фриз. Што мислите, кој вака си ја заебал главата?
13 comments July 20th, 2007
Стефоно Марбери:)))
www.whymypointguardisgoingcrazy.com:))
Life offers a lot of unstav\ble NYC point guards….
2 comments July 20th, 2007
После клипот од пред недела-две на кој Марбери направи будала од себе на ТВ, ваквите ствари ама ич не ме изненадуваат. На момакот очигледно ептен му се засвиѓала Европа што добил желба за две години, кога ќе му истече договорот со Њујорк, да заигра во Италија.
Удел во оваа идеја на Марбери има и целата помпа која ја доби Бекам во Америка со својот премин во Ел-Еј Галакси, па веројатно мисли дека на тој начин на луѓето пак ќе им биде интересен пошто е јасно дека во САД, па ни во самиот Њујорк веќе никој не му мава рецка. Само, незнам како би можел да биде сличен на Бекам, сумњам дека Виртус, Лотоматика итд. имаат 250 милиони за петгодишно дружење со Стеф.
“I’m not just thinking of doing it, I’m going to do it, мy wife loved it there. It’s like a [David] Beckham thing. I would’ve played 13 years in the league. That’s a lot. Most guys don’t get to seven.”
3 comments July 19th, 2007
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Jun | Aug » | |||||
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | 31 | |||||