Интересно
Драфтот помина и ради него останав буден до 4 сабајле. За разлика од ласната монотонија, овој драфт стварно беше интересен, што поради играчите и трампите, што поради коментарите и анализите со кои беа исполнети паузите.
Оден очекувано заврши во Портланд, исто како и Дурент во Сиетл. и на двајцата веднаш им беше ослободен простор за напредок со трампањето на двајцата најголеми потрошувачи на топки во екипите, Зек Рендолф. т.е. Реј Ален.
Ален заврши во Бостон, а Зеко во Њујорк, што наиде на овации во публиката. Ајзеа заслужува честитки за овој потег и Никси сега и официјално ја имаат најдебелата и можеби и најдобрата комбинација на крилен центар и центар. Плус, Ајзеа се откачи од Френсис.
Само ме плаши комбинацијата на Зеко и ноќниот живот во Њујорк.
Атланта заврши одлична работа со Хорфорд и Ло, а Бруер ми е малце чуден избор за Минесота, исто како што Ји е за Милвоки. Кинезот не се ни радуваше кога разбра дека Бакси го избрале.
Шарлот го избра Брендан Рајт, а малце покасно дознавме дека тој ќе игра за Голден Стејт од каде Бобкетси го добија Џејсон Ричардсон. Трејдов е ок и за двата тима. Џордан во Ричардсон доби бек кој знае да убаци 20 поени по утакмица, а Вориорси се отарасија од бекот кој беше вишок во офанзивната шема. Брендан е поефтин и е голем талент на четворка.
Доста е.
2 comments June 29th, 2007


