Archive for June 28th, 2007

Драфт и други муабети

Последниве недела дена се стварно луди, посебно ако им се верува и воопшто им се обрнува внимание на 456 561 302 шпекулации кои се појавија за така кратко време. Вечерва е кулминацијата по која сите ќе можеме конечно да се вратиме во нормала откако скоро ни една од најавените големи трампи нема да се случи. Јас намерно не постирав ништо во врска со шпекулациите за Гарнет, Амари, 3. пик, 11. пик и тако даље.

Ајде набрзинка само да им посветам малку време на сите гласини кои ко зајаци се множат деновиве.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

- Држам среќа за трејдот на Амари во Атланта кој би им го донел Гарнет на Санси, а Минесота би си ги добила 3. и 11. пик на Хоукси, плус Заза Пачулиа и Ентони Џонсон. Последните информации се дека нема ништо од дилов, а ако е вистина дека Стив Белкин ја кочи целата работа сигурен сум дека жив ќе го запалат во Атланта.

Минесота е таа која ја инијацира целава работа, што ми е и разбирливо со оглед на тоа дека со тоа тие би ги имале 3., 7. и 11. пик на драфтов кој би требал да биде еден од најбогатите оваа деценија.

Логиката на Феникс се базира врз Неш и прозорот за освојување на титулата кој се врзува со кариерата на Стиви. Затоа е и логичен трејдот за Гарнет, кој во моментов, а и следниве две-три години ќе биде покомплетен играч на Феникс, каков и што им треба за да го поминат Сан Антонио

- Атланта ја поврзуваат и со трејд на 11. пик во Сиетл (ако не биде горниов трејд) во размена за Лук Риднур. Хобитот би го решил проблемот на плеј, но не сум сигурен дали е баш најпаметен потег со оглед на тоа дека уште не е докажан и Атланта со тој пик може да го собере Ејси Ло.

- Трејдот пак на Гарнет во Лејкерси е на цели еден посто шанси да се случи. Минесота многу јасно изјави што сака за возврат за својот суперстар, а тоа сигурно не е Ламар Одом и неговите 27,4 милиони за следните две години.

- Никој не сака да игра за Бостон, така да не треба да се очекува трејд на Гарнет или Џермејн О’Нил во Селтикси кои најверојатно нема да го трампаат 5. пик. Нема да ме чуди наскоро Пол Пирс да си побара трампа.

- Кога сме кај Џермејн, а и Лејкерси од малце погоре, исто така мали се шансите О’Нил да заврши во Ел-Еј. Причината е што Купчак нејќе да се откаже од Бајнам, а и Пејсерси нешто многу-многу не го сакаат Одом. Поголеми се шансите Пејсерси да го трампаат Џермејн или некој друг играч со цел да бираат високо во првата рунда.

- Девин Херис за 6. пик на Милвоки?!?!? Не ми се верува. Што можат Мавси да добијат од ова освен да загубат играч кој е одлично надополнување за Тери.

- Шарлот би можел да го трампа својот пик.

- Ова не е шпекулација, туку вистина. Винс Картер останува со Нетси до 2011. Не ми е јасна логикава на овој потег на Њу Џерси, ама можеби во план имаат трејд на Џеферсон за Рендолф и уште некој потег со кој ќе бидат конкурентни на Истокот. Сепак, 60-65 милиони за Винс за само четири години е премногу.

- Оден е прв пик.

13 comments June 28th, 2007


Календар

June 2007
M T W T F S S
« May   Jul »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Архива

Категории