Archive for June 26th, 2007

Драфт 2007 Спешл - Крила

Позицијата на која во одреден период најинтересни беа европските таленти од 2004 година повторно е под контрола на Американците. Еден од двата најголеми таленти оваа година, Кевин Дурент, игра токму на ниско крило, а зад него се уште двајца играчи со голем потенцијал во Џеф Грин и Кори Бруер. Одличната генерација на крило ја надополнуваат Џулиан Рајт и Ал Торнтон.

Сепак, Дурент е за класа подобар од сите останати играчи на оваа позиција и со право заедно со Грег Оден е еден од двата кандидати да биде избран како прв пик. Тој во својата единствена НЦАа сезона во целост ги оправда очекувањата и ги собра речиси сите индивидуални награди.

Дурент има одличен шут однадвор кој во комбинација со неговата висина и игра под кошот го прават многу тежок за чување. Сe додека не нафрли некој мускул повеќе ќе игра исклучиво на ниско крило, а за некоја сезона ќе може и да се префрла на крилен центар. Прашање е дали Портланд, кој го има првиот пик, ќе одлучи дека Дурент му треба повеќе од Оден, во кого повеќемина го гледаат идниот прв пик.

Покрај Дурент, големо внимание привлекува и Бруер во кого скаутите гледаат наследник на Скоти Пипен. Тимовите кои бираат од петтото до десеттото место речиси сигурно ќе го изберат бекот од Флорида.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket
1. Кевин Дурент
Роден на 29.09.1988 во Вашингтон
Висина/Тежина: 206 см., 102 кг.
Колеџ: Тексас
НБА споредба: Трејси Мекгрејди/Дирк Новицки

http://youtube.com/watch?v=uvaPFvQAGW8

2. Кори Бруер
Роден на 05.03.1986 во Портланд, Тенеси
Висина/Тежина: 203 см., 84 кг.
Колеџ: Флорида
НБА споредба: Скоти Пипен

http://youtube.com/watch?v=9lj2IUtLf30

3. Џеф Грин
Роден на 28.08.1986 во Хајатсвил, Мериленд
Висина/Тежина: 203 см., 107 кг.
Колеџ: Џорџтаун
НБА споредба: Ламар Одом

http://youtube.com/watch?v=5vmWazeShXo

4. Џулиан Рајт
Роден на 17.05.1987 во Флосмор, Илиноис
Висина/Тежина: 203 см., 103 кг.
Колеџ: Канзас
НБА споредба: Борис Диао

http://youtube.com/watch?v=3ZL0LMjEE6g

5. Ал Торнтон
Роден на 07.12.1983 во Пери, Џорџија
Висина/Тежина: 203см., 100 кг.
Колеџ: Флорида Стејт
НБА споредба: Ал Херингтон

http://youtube.com/watch?v=8kIAGUbMfCE

2 comments June 26th, 2007

Драфт 2007 Спешл - плејмејкери и бекови

Да постирам пред пак да снема струја….

ПЛЕЈМЕЈКЕРИ:

Во последните неколку години драфтот даде доста квалитетни плејмејкери, но овој пат тоа нема да биде случај со оглед на тоа дека понудата на организатори на играта и не е баш богата. Всушност, таа е многу послаба во однос на повисоките играчи и речиси сигурно е дека првиот плеј избран овој јуни нема да биде меѓу првите пет. Како најголем талент се спомнува Мајк Конли џуниор од Охајо Стејт и само на него му се даваат некакви шанси да биде избран од тимовите кои се дел од драфт-лотаријата (Топ 14). Главните атрибути на Конли се брзината и прегледноста на теренот кога ќе тргне на влез. Голем број на скаути го споредуваат со Тони Паркер кога тој влезе во лигата поради слабиот шут однадвор кој им е заеднички. Сепак, во моментов пореална е споредбата со Ти-Џеј Форд.
Покрај Конли, не треба да се заборават Ејси Ло од Тексас АМ и Џаварис Крајтентон од Џорџија Тек. Ло е најискусниот во оваа класа организатори на играта и би можел веднаш да биде од помош за тимот кој би го избрал. Крајтентотн е талент на кој сепак ќе му треба време да созрее, но располага со голем потенцијал.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

1. Мајк Конли Џр.
Роден на 11.10.1987 во Индијанаполис, Индијана
Висина/Тежина: 185 см., 81 кг.
Колеџ: Охајо Стејт
НБА споредба: Ти-Џеј Форд

2. Ејси Ло
Роден на 25.01.1985 во Далас, Тексас
Висина/Тежина: 188см., 88кг.
Колеџ: Тексас АМ
НБА споредба: Чонси Билапс

3. Џаварис Крајтентон
Роден на 31.12.1987 во Атланта, Џорџија
Висина/Тежина: 196 см., 88кг.
Колеџ: Џорџија Тек
НБА споредба: Стив Френсис

4. Родни Стаки
Роден на 21.04.1986 во Кент, Вајоминг
Висина/Тежина: 192 см., 93 кг.
Колеџ: Источен Вашингтон
НБА споредба: Дежуан Вагнер

5.Гебриел Пруит
Роден на во
Висина/Тежина: 193 см., 77 кг.
Колеџ: УСЦ
НБА споредба: Девин Херис

БЕКОВИ:

Слично како и кај плејмејкерите, и ситуацијата со бековите-шутери не е најсјајна. Можеби и најслаба на овој драфт е понудата на оваа позиција на која во моментов нема ниту еден играч кој би можел сериозно да влијае на играта на тимот кој би го избрал. Има неколку интересни играчи како Ник Јанг, Руди Фернандез, Дерик Бајарс и Декуан Кук, но ниту еден од нив нема да привлече големо внимание, барем не кога станува збор за тимовите кои бираат во првите десет.
Најинтересен во оваа група е Јанг, кој по потреба може да игра и на плеј и кој има еден од најдобрите шутеви од полудистанца на овој драфт. Тој е тип на играч кој би можел да израсне во расен стрелец за некоја година, но ќе му треба сезона-две напорна работа за да се навикне на играта во НБА.
По Јанг, доста високо на сите листи котира Шпанецот Руди Фернандез, кого го споредуваат со Ману Џинобили. Бекот на Хувентуд би можел да остане со својот тим уште една сезона и тоа го прави ризичен избор за послабите тимови, додека екипите кои се дел од елитата можат да си го дозволат тој луксуз да го чекаат една година.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

1. Ник Јанг
Роден на 01.06.1985 во Резеда, Калифорнија
Висина/Тежина: 198 см., 91 кг.
Колеџ: УСЦ
НБА споредба: Џош Хауард

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

2. Руди Фернандез
Роден на во 04.04.1985 во Мајорка, Шпанија
Висина/Тежина: 199 см., 78 кг.
Тим: Хувентуд
НБА споредба: Ману Џинобили

3. Морис Алмонд
Роден на 02.02.1985 во П.Спрингс, Џорџија
Висина/Тежина: 199 см., 97 кг.
Колеџ: Рајс
НБА споредба: Мајкл Ред

4. Дерик Бајарс
Роден на 25.04.1984 во Мемфис, Тенеси
Висина/Тежина: 201 см., 102 кг.
Колеџ: Вандербилт
НБА споредба: Брендон Рој/Шејн Батие

5. Декуан Кук
Роден на 28.04.1987 во Дејтон, Охајо
Висина/Тежина: 197 см., 95 кг.
Колеџ: Охајо Стејт
НБА споредба: Лери Хјуз

4 comments June 26th, 2007


Календар

June 2007
M T W T F S S
« May   Jul »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Архива

Категории