Фотка на неделата 28 - 4/9….Сан Антонио шампион!!!
Честито Спарси!
……………………………….
Од настан кој беше исчекуван со голема возбуда низ целиот кошаркарски свет, НБА финалето не успеа во ниту еден аспект да ги оправда тие очекувања. Она што се најавуваше и се оствари - Сан Антонио доминираше во дуелот со недораснатиот противник, а сите ние бевме ускратени барем за една средба која може да го оправда епитот и тежината кои со себе ги носи Големото финале.
Нејсе. Секогаш има следна сезона и следно финале кои ќе се надеваме дека ќе ни ја донесат возбудата за која бевме ускратени во ова финале. Но, реално гледано, од старт не ни требаше да се надеваме дека младите и “зелени” Кавси ќе можат да се носат со таква тешка машинерија како што е Сан Антонио. Момците на Грег Попович во буквално секој сегмент на кошаркарската игра се за најмалку едно ниво поквалитетни од Кливленд и тоа го докажаа на дело во овие четири средби кои во основа и покрај по некој тесен резултат, не беа воопшто неизвесни.
Така беше и во петокот наутро. Иако Кавси се вратија во игра, па дури и поведоа во последната четвртина, јасно беше дека с$ што треба Спарси да направат е да останат фокусирани до крајот, што е една од нивните најсилни страни, и да го искористат своето искуство и квалитет да ја комплетираат “метлата” од чисти 4-0. Така и беше, а аргентинскиот тандем Џинобили - Оберто ладнокрвно во последните минути ја уби и последната трошка надеж на домашните фанови кои и покрај с$ максимално ги бодреа своите миленици. Данкан и покрај слабата партија во нападот си заврши работа со одличниот скок, а Тони Паркер, продолжи со своите прошетки низ рекетот на Кливленд на патот до трофејот за МВП на финалето. Мајкл Финли конечно се закити со титулата до која не можеше да стигне со Далас, а Роберт Хори ја продолжи својата неверојатна серија и сега има дури седум шампионски прстени во свој посед.
Сепак, и покрај големите заслуги на сите играчи, мора да му одаде почит на Попович, кој по оваа титула сигурно конечно ќе биде признаен како еден од најголемите тренери, не само на денешницата, туку и на сите времиња воопшто. Фактот дека само Ред Оербах, Џон Кундла, Пет Рајли и Фил Џексон се единствените со повеќе титули кажува с$.
Од другата страна, Кливленд и покрај понижувањето во ова финале нема за што многу да жали. Со тимот кој го имаат и овој пласман до последната пречка е огромен успех и уште една потврда за големата разлика во квалитет помеѓу Истокот и Западот. Леброн, колку и да го нарекуваат “Кинг Џејмс” ќе почека на своето крунисување, и барем за уште една сезона ќе мора да им се поклонува на вистинските кралеви чиј дворец се наоѓа во Аламо.
…………………………….
Стварно не знам што повеќе може да се напише за ова, едно од најслабите финалиња на сите времиња, од коментаров погоре кој ќе оди утре во весник.
Сепак, капа доле за еден од најдобрите високи играчи на сите времиња, Најдобриот Французин и најбрз ол-стар плеј во лигата, Најголемиот Аргентинец на сите времиња, Единствениот играч кој никогаш не бил дел од Бостон, а има седум титули, како и тренерот кој барем сега веќе нема да биде исклучуван од сите муабети за најголемите тренери евр…итд…
Како по обичај, МакНБА не престанува да функцонира и преку летото кога не се игра баскет во Америка. Баш напротив.
Плус, деновиве би требало да има и пост за мизеријата од спонзор на Работнички кој не ускрати сите за конечно гледање асални екипи.
14 comments June 15th, 2007
