Archive for June 8th, 2007

Тексашки масакр…(за малце)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Гејм 1 сигурно не исполни ничии очекувања, освен можеби на ретките фанови на Спарси. Но, па и не требаше да очекуваме нешто повеќе од тоа што го видовме сабајлево.

Спарси и Поп, како што се очекуваше целосно се сконцентрираа на затварањето на секое можно патче на Леброн кон кошот и за тоа заслужуваат многу поголемо признание од тоа што гледам дека им се дава по разни сајтови. Во скоро секој момент од средбата делуваше како да имаат играч плус на теренот, што кажува две работи. Кажува за нивната страшна одбрана, но и за неможноста на било кој друг од Кавси, или поточно на Мајк Браун да нацрта било каков напад во кој нема да се да се чека од Леброн. Можеби таквиот начин функционираше против Визардси, Нетси и Пистонси, ама нема да помине против Сан Антонио.

Веројатно дел од вината оди и на адресата на Џејмс, кој за прв пат во својата кариера не одговори на предизвикот. За очекување е негово будење во следните средби. Ви текнуе на десете поени во Гејм 1 со Пистонси?

Ама, проблемот не е Брон, него Хјуз и Ззззииииииии, кои синоќа беа тотално бескорисни. А и Браун ја усра со инсистирањето на Хјуз во трета четвртина кога Кавси беа разбиени, а јасно беше дека Лери нити има шанси да го чува Тони, нити може или знае да организира напад. Буби Гибсон мора да игра повеќе и очекувам на Гејм 2 можеби и да го видам во први пет. Саша Павловиќ беше борбен и заедно со Буби и Гуден можеби единствени играа нешто сабајлево, иако и нив ги немаше во периоди од средбата.

Доброто за Кавси е тоа што и покрај така бедна партија функционираше одбраната, а и поразот не е нешто страшен. Факт е дека ова е само 1-0 за Спарси и оваа, како и следната се утакмици кои и се очекуваше да ги добие Сан Антонио.

Со подобра партија од Леброн и поголема минутажа за Гибсон, за очекување е поинтересна втора средба.

ПС: Иначе, да, синоќа Кралот беше Тим Данкан, а лакејот на неговиот двор беше Леброн.

4 comments June 8th, 2007


Календар

June 2007
M T W T F S S
« May   Jul »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Архива

Категории