Archive for June 7th, 2007

Време е

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ако некој пред стартот на сезоната, па и негде на нејзината средина или пред некои месец и пол ми кажеше да се кладиме дека Кавси ќе бидат дел од финалето, сега веројатно ќе живеев на улица или под некој мост.

Не дека ќе бев спречен да го ставам станот ако сакаше истиот тип да се клади и на Спарси како финалисти од Западот. Не дека не заслужуваат ни едните ни другите да се најдат таму, ама стварно не верував дека Леброн ќе го однесе Кливленд до првото финале. Веројатно во тоа удел имаат и повредените Визардси и слабиот Њу Џерси, како и ментално нестабилните Шид и Пистонси, како и фактот дека Кавси не налетаа на за нив најнезгодниот тим на Истокот, Мајами. Од друга страна, како што играше Мајами, веројатно ќе беа избацени и од ослабените Визардси.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Спарси од друга страна ми беа ОК, ама без шанси за финале на Западот покрај Далас и Феникс. Барем така беше до негде две недели после Ол-Старот кога пак покажаа дека својата права игра ја играат од март навака. И покрај тоа Санси и Мавси ми беа фаворити, посебно Санси, ама мајсторите на ментални колапси од Далас пукнаа ко тиква во прво коло, а Феникс, покрај тоа што немаше среќа, мораше да го плати цехот на слабата скок игра.

И, сега ги имаме двете екипи на кои ретко кој ставил пари во Големото Финале.

Не е никаква тајна дека Сан Антонио е голем фаворит, но и дека најголемиот дел неутрални баскет фанови ќе навиваат за Леброн и Кавси. На прв поглед стварно не знам како би можел Кливленд да стане шампион, посебно со оглед на сите плусеви кои одат во прилог на Спарси кога ќе се погледнат нивните состави и историја.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Од дуелот на плеј, во кој Тони би требал да направи смешка од Лери Хјуз (кој кутриот не е ни плеј, а веројатно ни самиот не знае што е), а рукито Буби Гибсон ќе мора да го брка Френчи по целиот терен, па до тој на двојка и четворка, како и тој на клупите и тренерите, Тексашаните и тоа како имаат голема предност. Зи би можел да донесе малку стабилност во рекетот, но ќе му биде доста тешко.

Да не го спомнувам Ману како убица од клупата. Феникс и Јута многу добро го знаат тоа.

Единствената предност е таа на ниско крило каде Леброн ќе си има работа со Дрти Боувен. Но, мислам дека ќе треба многу поголема магија од таа против Пистонси за Кавси да направат ново чудо. Пред се затоа што Спарси се неверојатно психички стабилна екипа, нешто што го црпат од смиреноста на Данкан, но и дисциплината на Попович.

Во текот на минатата, а и на оваа сезона Мајк Браун доста често беше цел на моите критики. Уствари, скоро и да немаше медиум кој на моменти не сакаше да види некој друг на клупата на Кавси. Не дека нешто ме убеди дека веќе не треба тоа да го правам со овој пласман на Кливленд во финалето, ама барем беше подобар во овој плеј-оф од Еди Џордан (кој ги немаше Аринас и Батлер), Лоренс “Хобитот“ Френк и Флип Сандрес, што можеби и не е некоја тешка задача.

Арно ама, сега ќе си има работа со некој многу поквалитетен од себе и со некој на кого му служеше три години. Попович можеби е еден од оние кои најмалку се спомнуваат во најразлични Топ 5 муабети на последниве десет години, но ако се гледа процентот на успешност тој си е суверено на врвот на таа листа. Тивкиот и скромен пристап на Спарси се пренесува и на Поп за кого нема да чуете ништо што нема врска со кошарката. Барем според мене, можеби и најголемата предност на Спарси во оваа серија е во имањето на Поп на клупата.

Ништо ново не би било да се каже дека Поп е за неколку класи бољи тренер од Браун, на кого мора да му се признае дека е добар дефанзивен стратег. Но, разликата меѓу нив е токму во тоа, додека Браун е добар во еден главен елемент од играта, Поп е одличен во двата. И, освен ако Браун не измисли некој нов напад во кој нема да чека се од Леброн, стварно не знам како оваа серија може да трае долго.

Но, не можам да ги отпишам Кавси и овој пат како што тоа го правам цела сезона. Нешто ми кажува дека ако им се поклопат коцките можеме да гледаме интересно финале на чиј крај Спарси ќе ја освојат својата четврта титула од 1999 навака.

ПС:Уште од пред некој ден ми се врти во глава колку се слични овој тим на Кливленд со тој на Филаделфија од 2001 година. Освен тренерите, скоро се им е исто, од осамениот суперстар до остатокот од тимот кој без него би бил најслаб во лигата. И двете екипи се силни дефанзивно, но во нападот имаат само една единствена опција. Дури и неупотребливиот Ерик Сноу кој игра плеј, а не знае да добаци до тројка, им е заеднички.

ПС1: За крај задњата реклама на Најк за Леброн. Во Орегон и тоа како тријат раце од пласманот во финалето, како и играта на Леброн во Гејм 5.

Се читаме утре.

ПС2: Уствари, еве го и клипот од првиот дуел на Спарси и Кавси сезонава во кој Данкан доби третман на лице од Леброн.

8 comments June 7th, 2007

14 години без Петро

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Од самиот старт на МакНБА (со редовни постови) пред цели три години, секој 07.06. го одбележуваме денот кога не напушти најголемиот европски играч, кошаркарскиот Моцарт - Дражен Петровиќ. Веќе имам доста пишувано за мојата поврзаност со Петро и што тоа ми значи мене, а и на цела една генерација малку постара од мене. Следната година ќе бидат цели 15 години како светот е посиромашен за Дражен.

Линк до текстот на kosarka.hr, посветен на Петро.

In Jiggy’s words: 

14 години.. Човече, сеуште го памтам денот потоа. Тогаш вестите споро патуваа.
Сабајлето отидов да купам леб и се сретнав со комшијата Свето кој ми се смееше неколку дена претходно дека сме губеле (Македонија) од Ајвар Кузма, Герт Куламае и остала Естонска братија и од смешниот Мурешан и уште посмешните Романци. Тоа беше веднаш после Вроцлав и првиот настап на Македонија со Пеце, Медиќ, Боцевски, Михајловски, Перо Настев, Давитков, Сотировски, Ристо Јаневски…со Ацика на клупа. Комшијата ми кажа за Дражен, а јас онака во невера, помислив, овој појма нема, кој знае кој Петровиќ загинал во сообраќајка. Тогаш, искрено, помислив, можда е Ацо.. а ми текна и на Бобан Петровиќ, еден одличен играч на Партизан и Олимпија, инаку од Чачак мислам.

Ако не се лажам, Дражен еден од последните настапи во кариера го имаше против Македонија, последниот кош од слободно, 20-ти на мечот, ако добро памтам.

Со другите копиљаци у маало на кош само за тоа зборевме. Еј, Дражен бе, не е могуќе.. Не игравме, не знам зошто. Не ни шутиравме, па, да не бидам патетичен, ама мислам и дека не го ни погледнувавме обрачот. Стоевме под кошот, а баскетот го држевме под нога. Стоевме и зборевме за тоа дека немаше потреба да оди во НБА, затоа што Европа остана осакатена во тие години без него.

Па после Мисирот рече дека ќе потпишуел за Олимпијакос наводно, демек, доста се докажуел со црнците, ќе мавнел добра пара у лаганица живот. Он читаше Журнал.

Еј, абе не е можно дека женска го возела и убила. Можда нашиве новинари грешно пренесуваат, можда е у кома и ќе се разбуди. Мајка му на Цвик не вика од прозор, на вести покажале 3-4 фотографии од сударот у Германија. Камионџијата го колневме као смртен непријател, крвник. Тие 3-4 слики ги памтам и ден денес до детал. Со пробиената банкина и шлеперот од другата страна на автопатот со 6 ленти. Дожд и магла. Луѓе во жолти шушкавец јакни, полицајци ли, пожарникари ли..

Останавме до долго во ноќта на кошот, замислувајќи си дека сега Америка сега нема кој да ја тепа. Макар и во егзибициски меч, Дражен беш клучот за се. Потоа муабетот прејде на бескрајното одбројување на идеалните 12 во репрезентацијата на екс-Југославија, која сигуно би го победила дрим-тимот една година претходно. Тогаш, не му давав на Боксер да ги става Галис и Сабонис во тимот како појачања, а дилемата Даниловиќ или Комазец, да бидам искрен ми стои и денес кога размислувам за кошарката што ја вдишувавме во 80-те. Останатите беа неприкосновени, Дражен, Перасовиќ, Ѓорѓевиќ, Кукоч, Паспаљ, Здовц, Вранковиќ, Дивац, Савиќ, Раѓа и Зоки Јовановиќ.

Утредента веќе беше скршена секоја дури и микроскопска надеж. Ги видовме Ацо, Јоле и Бисерка во црно и во солзи. Соочувањето со вистината беше болно, доволно нам тогаш, копиљаци од маалски асфалт, да ни покаже колку е безвреден и чуден животот. За такви играчи душа боли и ден денес…

8 comments June 7th, 2007


Календар

June 2007
M T W T F S S
« May   Jul »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Архива

Категории