Полард и Весли ќе играат во финале
Мислев дека Шеп ќе се мрдне и инспириран од Буби Гибсон ќе напише нешто за првото финале на Дејвид Весли и Скот Полард. Ама, јок. А знам колку солзи (радосници) му потекле гледајќи како Пистонси го губат финалето на Истокот со 2-4 откако водеа со 2-0.
Нема врска. Она што е најважно е дека Кливленд за прв пат во својата историја ќе биде дел од големото финале, иако таму шансите и не им се нешто посебно против Спарси. Ама, ако некој ми кажеше пред некои месец-два дека Кавси кои се само Леброн и група на граѓани предводени од сумњив тренер, ќе играат во финалето, ќе го пратев во Бардовци.
Гибсон мајсторе, свака част, уште сега си бољи играч од мрцините Ерик Сноу и Дејмон Џонс. Само нешто ми се чини дека против Спарси нема да ти биде така лесно ко со Пистонси.
Леброн мајсторе, дефинитивно си најголемиот 22-годишен играч на сите времиња.
Уживајте до четврток, кога почнува макљањето.
Да имав повеќе време ќе шкртнев уште нешто. Ама немам.
34 comments June 3rd, 2007
