Сведоци
И ај сега седни па напиши нешто. Не поради само четирите часа спиење, туку поради она што сабајлево се дешаваше во Детроит.
Сите кои успеаа да останат будни до крај беа сведоци на една од најдоминантните партии на еден играч во историјата на плеј-офот, а оние кои од разни причини не можеа да ја изгледаат Гејм 5 во Детроит сигурно сега си ја маваат главата во ѕид.
Леброн беше ѕверотина. 48 поени за 51 минута на теренот. Девет скокови и седум асистенции. Што е најимпресивно, од шест минути до крајот на рег. дел тој даде 29 од последните 30 поени на својот тим. Тешко е да се поверува, но Леброн ги убаци сите 25 последни поени!!! на својот тим и сите 18 кои Кавси ги постигнаа во двете продолженија.
Јас одамна немам видено ваква плеј-оф партија на еден играч. Кога ќе размислам подобро, само на еден играч ми текнува кога во прашање се вакви големи партии, ама нема да му го спомнувам името, затоа што не сакам да ги споредувам со Леброн - Најдобриот 22-годишник на сите времиња и најголемата НБА ѕвезда во овој плеј-оф.
Одамна некој на ваков начин, во вака важна утакмица, не успеал буквално сам да победи цела противничка екипа. Доказ за тоа е и последниот кош на Леброн. Море, последните 29 на Леброн.
ПС: Една ствар не ми е јасна, а со тоа не мислам ама ич да ја оспорувам феноменалната партија на Леброн. Зошто Пистонси не го удвојуваа, утројуваа итд. Леброн во последната четвртина и продолженијата? Леброн си газеше, а немаше никој да му помогне на неговиот чувар. Мазохисти едни. По се изгледа муабетот пак се сведува на Флип Сандерс и неговите тренерски “квалитети“.
31 comments June 1st, 2007
