Archive for May, 2007
Во пауза помеѓу неинтерeсното и понеинтересното финале по конференции, еве еден линк, кој на дел од вас сигурно ќе им биде интересен, а пак на друг дел сигурно нема да им значи ништо. Точката каде се делат интересите е тоа дали се уште пратите што се дешава во LOST, а кога мислам пратите, не мислам на пратење на серијата на А1, иако момците побрзо од што очекував ја привршуваат втора сезона. Под пратење мислам на спуштање или гледање преку нет на третата сезона која финишираше во средата вечер со двочасовното финале.
БитКометот ми вика дека имам уште некои 7% за комплeтирање на финалето, така да секој муабет за третава сезона можеме да го правиме од утре. Иначе, за сите оние кои не знаат, серијата ќе има уште три сезони (да, три), но со помал број епизоди по сезона - 16.
Е сеа, да му се вратам на линкот, кој води до пост на Сем Рубенштајн од SLAM (со кој си имаме разменето два-три мејла на времето), а во кој момакот има направено споредба на сегашните НБА ѕвезди со главните (и не толку главните) ликови од серијата.
Така…
Џек = Коби
Саид = Данкан
Лок = Фил Џексон
Соер = Марбери
Чарли = Аринас
Дезмонд = Артест
Мајкл = Бен Волас
мр.Еко = Дикембе
Џин = Јаоза
Микаил = Кириленко
Харли = Шек
Кејт = Винс Картер
Бен = Дејвид Стерн
Џулиет = Дирк
Клер = Мерион
Кликнете на линкот погоре за подетално образложување на споредбите. Браво, Семи.
May 25th, 2007
Зззззззззззззззз…………страшно куцање на Леброн…………..зззззззззззззз………….куцање на Максил……………..зззззззззззззззззззззззззззззззз…решавачки шут на Шид, откако Сајд Шоу проба да изглуми фаул……………..ззззззззззз…………..Леброн пак не решава утакмица……………ни со асистенција, ни сега со положување…фаул немаше, зошто судиите цела утакмица дозволуваа контакт игра, ќе беше смешно да му свирнеа две слободни на ЛБ……………..Лери Хјуз или ХЈУЏИС!!! како што го викаше “коменаторот“ е труба, не погодува чист шут за два во последни секунди…………ззззз…………после Леброн им е крив………….ззззззззззззззззззззззззз……….тапа серија……………кој ќе гледа финале……….зззззззззззззз……………….
May 25th, 2007
Помина доволно време од Драфт лутријата за да се средат било какви впечатоци, ама и после скоро 18 часа од дешавките во околината на Њу Џерси, неколку работи ми се измешани.
Нормално дека сум среќен што Атланта успеа да си го задржи пикот откако го добија 3. пик, да беше едно место погоре ќе го лапнеше Феникс и ќе станеше уште појак. Е сега, кога останаа Хоукси со Сиетл и Портланд, имаа најголеми шанси за 1. пик, ама непредвидливоста на лутријата оваа година се покажа во најдобро светло. 3. пик е стварно добар, и тоа секоја година, ама не знам дали е толку добар во драфтот во кој ги имате Грег Оден и Кевин Дурент. Добар е и 11. пик кој Атланта го доби од Индијана од трејдот на Ал Херингтон, а доколку тој пик беше во топ 10 Пејсерси ќе си го задржеа.
Портланд ќе бира прв, што веројатно е и ОК со оглед на тоа дека лани тие го имаа најслабиот скор ама не го добија 1. пик. Сиетл ми е мрзок, а посебно Лени Вилкенс, така да селекцијата како втори можеби и ќе им помогне на Соникси во останувањето во Сиетл.
Иако сите викаат дека Портланд ќе го драфтува Оден, мислам дека Блејзерси убаво ќе размислат пред да ја донесат таа одлука. Не дека Оден не заслужува да биде прв, него поради составот на играчи кој го имаат. Дурент би им ја пополнил единствената позиција на која немаат голем талент, додека со Оден би трпеле минутите на Ламаркус Олдриџ. Освен ако не се направи трејд со Зек Рендолф.
Сиетл ќе го ланпе тој што ќе остане, а Дурент би им бил идеална замена за Рашард Луис, кој не верувам дека од следната сезона ќе биде дел од Соникси.
И така доаѓаме до Атланта, која стварно не знам кого ќе избере. Има добра опција за робусен скокач во Ал Хорфорд, а можеби и ќе биде нешто од Ји Џианлиан. Ама, според мене, можеби би било подобро да се спакуваат 3. и 11. пик и тие да бидат трампани за некој поискусен играч. Можеби и да се додаде некој од сегашните млади играчи па да се рипне едно место погоре на драфтот. Се е можно, иако Џи-Емот на Хоукси не ми влевав никогап доверба.
Најголеми лузери годинава се Бостон и Мемфис, и ако мене ме прашувате, нека им е. И двете екипи во доста средби од вториот дел од сезоната свесно не даваа се од себе за да стигнат до Оден или Дурент, ама тоа им се одби од главата. Нека се тешат со шампионските банери во Бостон. Мемфис пак нема со што да се теши, ама па за нив ич не ми е криво.
ПС: За Јута и Сан Антонио и Гејм 2 стварно нема потреба да се пишува. Како што спомна Ритрај во еден коментар, а и како што пишав за утрешниот весник - Дежа ву. Ако покрај Бузер и Дерон не се најде трет играч со муда во Јута, серијата ќе заврши многу побрзо од предвиденото, а и дупките во одбраната како да не знаат како да ги затворат и како да се казнети да ги повторуваат своите грешки.
ПС2: Убаво беше пак да се види ослабениот Доминик.
May 23rd, 2007
Вечер е драфт лутријата која за некои екипи знаела да значи целосно нова, многу посветла иднина, а за други знаела да значи неоснована надеж базирана на играчи кои ни криви ни должни биле напумпани како идни големи ѕвезди пред да стапнат во НБА.
Така, за секој Леброн Џејмс имало еден Первис Елисон, за секој Тим Данкан имало еден Квами Браун, за Ален Ајверсон - Ендрју Богут, за Елтон Бренд - Џо Смит, за Јао Минг - Мајкл Оловокенди итд…и тоа само од последниве десетина година.
Оваа година нема да се деси некој од второнаведените ликови од погоре, затоа што Грег Оден и Кевин Дурент се момци кои навистина имаат потенцијал да станат големи НБА ѕвезди. Е сеа, ќе видиме кој ќе ја има среќата на пинг-понг топчињата да стигне до 1. и 2. пик и да лапне еден од нив двајца.
Мемфис во моментов има најголеми шанси за тој 1. пик кој ќе го претворат во Оден, а во Бостон се молат дека тие иако се со најголеми шанси да бираат втори, да ја имаат таа среќа да го лапнат Оден. И да не се случи тоа, Селтикси ќе бидат среќни и со Дурент. Само да не им се повтори 1997 година кога веќе беа спремни да си го присвојат 1. пик со кој би го избрале Данкан и тоа би значело враќање на кошарката во Бостон. Имам некој филм дека после десет години пак ќе им се повтори тој малер.
Што се однесува до мене, нормално, сакам Атланта да добие еден од првите три избори, по можност 1. или 2. разбира се. Се под 3. пик ќе му припадне на Феникс. Хоукси го имаат пикот на Индијана, ама па само ако тој не биде во Топ 10. Значи, навивам за 1. и 11. пик на Атланта со кои би ги лапнале соиграчите од Охајо Стејт, Оден и Мајк Конли џуниор. Мераци.
May 22nd, 2007
Сан Антонио играше три, Јута - една четвртина. Сосема е јасно зошто Спарси победија, иако за разлика од серијата од Феникс немаше доминација во скокот, посебно не во офанзивниот. На Јута и фалеше втора, трета итн. опција во поголемиот дел од средбата, затоа што Бузер одигра само една четвртина. Дерон Вилијамс не можеше сам се да направи, иако одигра брилијантна партија.
Вторава средба, во која е познато дека Спарси знаат да се опуштат, може да биде клучна за серијата. Јута во овој плеј-оф покажа дека многу бргу знае да си ја научи лекцијата. Да се надеваме дека Џери Слоун им одржал, то ест уште им држи, предавање во соблекувалната.
Останува најдобриот потег на најдобриот играч на теренот како утеха за сите во Солт Лејк Сити.
ПС: Како што спомна Чоте во коментари подолу, стварно ми е жал за сите кои мораат да издржат цела утакмица со дуото од Сител. Она што е најтрагично е фактот дека сите помлади тинејџери кои за прв пат се среќаваат со НБА на ТВ дури и ќе си помислат дека оние двајца знаат што зборуваат. Трагично.
May 21st, 2007
14.6 - 10.9 - 10.9!!!
Трипл-дабл просек во еден плеј-оф. Прв со такво нешто по Биг О и единствен заедно со него. Капа доле, мајсториште!!!
May 20th, 2007
Верувам дека поголемиот дел од вас ја гледаше Гејм 6 cабајлево во Сан Антонио. Некои беа осудени да гледаат на Сител, но верувам дека храбро издржаа дружејќи се со Мјут копчето, додека оние среќници кои имаат Орбит ЕСПН по кабловски целосно уживаа во најдобрата серија во овој плеј-оф. Со оглед дека сите видовте што се случи, нема многу да го тупам. Идеме со неколку коментари за стварите кои мене ми ја одбележаа Гејм 6.
Дефанзивниот скок на Феникс, ако воопшпто можеме да зборуваме за такво нешто. Она што најмногу ги кочеше Санси да ја играат својата игра во оваа серија беше скокот во одбраната, кој кога го нема ја нема ни нивната брза игра во транзиција. Посебно се недозволиви скоковите во напад на Данкан по слободни на Спарси, па често и слободни на самиот Тимчо. Амари и Мерион се добри скокачи, но не во поставени ситуации. На крајот, тој скок беше една и од причините за елиминацијата. Секако не и главната.
Одбраната на Боувен и Спарси. Иако сабајлево го испофалија Брус на ЕСПН за одбраната врз Неш, мислам дека момакот заврши добра работа колку што Нешти му дозволи. Според мене, кога зборуваме за елитните играчи, тие ќе бидат задржани во нападот колку што самите ќе дозволат. Тоа беше најевидентно кога Стиви се разбуди во задња четрвртина, а Боувен го немаше никаде да го запре.
Нормално, никој не може да игра 48 минути силна одбрана, но сепак велам дека кога зборуваме за големи играчи со нив можете да одиграте најдобро што можете во дефанзива и да се надевате дека тоа ќе биде доволно барем малку да ги исфрлите од нивната стандардна игра. Кога сме кај таа одбрана, многу поголем акцент треба да се стави на одбраната на Спарси како екипа, посебно на Тимчо, кој секогаш кога Нешти ќе профучеше покрај Боувен, беше таму да го сачека на врв на полукругот за но-чарџ зоната.
Уште една ствар за Боувен. Не ми се верува како во НБА има место за таков тип на играч кој не знае да тргне на кош ако го покриат на тројка без да направи чекори. Освен тоа закотвување на тројките во аглите во секој напад, Брус нема некоја друга задача, ниту талент во нападот. Тоа кажува доволно колку квалитетни се момците кои играат околу него.
Чекори. Една од стварите кои ама ич не ми се јасни е како баш момците кои од мали нозе учеле како да не се направат кораци, ги прават најчесто во НБА. Од Борче, до Ману, Оберто и Носиони во Чикаго.
Клупата на Феникс. Како ли се осеќаат сега сите оние кои лани тврдеа како Санси ја заебале Атланта со трејдот на Диао за Џо Џонсон. По ланскиот одличен плеј-оф, Френчито цела сезона го нема нигде, а баш во оваа серија можеше да биде клучот на Феникс. Точно е дека камбекот на Амари му ја смени улогата, но тоа не е никакво оправдување за мизерната игра…
Слична енигма, барем во оваа серија ми е и Леандро Барбоса, кој не можеше ништо да направи да им помогне на Санси. Тоа е така пред се на спората позициона игра во која Барбоса не се снаоѓа баш најдобро. Изгледа серијава беше потврда за сите кои тврдеа дека во друга екипа тој би би играл по 40 минути и бил ѕвезда дека една серија со Лејкерси и рег. сезона не се мерило за тоа што може еден играч да го направи во плеј-офот. Леандрињо има уште доста да учи.
Ману. Колку и да е од ист калап како аргентинските фудбалери и гледа да додаде трошка глума во секој контакт, како сите малку да заборавија како Ману може да смени тек на една средба, а и цела серија.
Другиот Френчи. Тони Паркер е еден од најдобрите во лигата во поентирањето во рекет. Тоа посебно беше евидентно против Санси. Мислам дека нема така да биде и во серијата со Јута.
Суспензијата на Амари. Ова ќе остане нешто што секако ќе ја одбележи оваа серија, зошто скоро сите мислат дека поради тоа сме ускратени за неверојатна Гејм 7. Сепак, за некои 5-10 години ќе се памтат победниците, а не начинот на кој стигнале до таа победа.
Проклет да си Комесаре!!!
Има уште по нешто, ама сега не ми текнува. Слободно додајте во коментарите.
Фоткава е дело на Мис Госип, а мислам дека многумина од нас, без разлика за тоа што немавме карти за Гејм 7, се чувствуваме исто.
* * * * *
За крај, две галерии од досегашните две рунди.
- Славните фаци, од кои поголемиот дел во вттората рунда од Ел-Еј се пресели во Оукленд.
- И секогаш супер галериите со чирлидерки.Уживајте.
ПС: Кливленд ја имаше среќата да игра со пациенти како ослабените Визардси и слабите Нетси во првите две рунди. Сега е време за вистинскиот предизвик - Детроит, за кој да го поминат ќе им треба да одиграат перфектно. И пак да се молат дека тоа ќе биде доволно.
ПС1: Кој ќе навива сега за Јута:))
ПС2: Кога веќе ги спомнав ЛОСТ. Сега ќе ги гледам последните две епизоди пред двочасовното финале на сизон три оваа среда, кое според најавите би требало да биде страшно.
May 19th, 2007
Next Posts
Previous Posts