Archive for May 30th, 2007

Гибсон

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Имаме серија. Барем една од двете финални по конференции. За разлика од Гејм 3, Пистонси за вториов пораз немаат никакво оправдување. Чонси и РИП си завршија работеа, Тејшон (ТАШОН!!!) беше Тејшон, а единствено што закажа беше клупата и високите момци. Шид не беше на нивото на претходните средби од серијата, а Вебер и Дајс си беа вообичаено за оваа серија - бескорисни.

Браво за Даниел Гибсон, кој покажа дека кога се има срце не е важна висината. Леброн стандардно кога игра на свој терен - страшен, и малку не стандардно - клач кога се кршеше резултатот, посебно од линијата за слободни. РИП проба малце да го изремети ко што Брон го изремети лани Жилберто или па Пип - Мелоун на времето, ама не му успеа.

Петата во Детроит би требала да биде страшна. Само да не проработи одбраната на Пистонси врз Леброн од првата утакмица па да гледаме успаванка. Се уште мислам дека Детроит е фаворит, ама со нивниве опуштања и Леброн, никад не се знае.

16 comments May 30th, 2007


Календар

May 2007
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории