Archive for May 23rd, 2007

Лутрија

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Помина доволно време од Драфт лутријата за да се средат било какви впечатоци, ама и после скоро 18 часа од дешавките во околината на Њу Џерси, неколку работи ми се измешани.

Нормално дека сум среќен што Атланта успеа да си го задржи пикот откако го добија 3. пик, да беше едно место погоре ќе го лапнеше Феникс и ќе станеше уште појак. Е сега, кога останаа Хоукси со Сиетл и Портланд, имаа најголеми шанси за 1. пик, ама непредвидливоста на лутријата оваа година се покажа во најдобро светло. 3. пик е стварно добар, и тоа секоја година, ама не знам дали е толку добар во драфтот во кој ги имате Грег Оден и Кевин Дурент. Добар е и 11. пик кој Атланта го доби од Индијана од трејдот на Ал Херингтон, а доколку тој пик беше во топ 10 Пејсерси ќе си го задржеа.
Портланд ќе бира прв, што веројатно е и ОК со оглед на тоа дека лани тие го имаа најслабиот скор ама не го добија 1. пик. Сиетл ми е мрзок, а посебно Лени Вилкенс, така да селекцијата како втори можеби и ќе им помогне на Соникси во останувањето во Сиетл.

Иако сите викаат дека Портланд ќе го драфтува Оден, мислам дека Блејзерси убаво ќе размислат пред да ја донесат таа одлука. Не дека Оден не заслужува да биде прв, него поради составот на играчи кој го имаат. Дурент би им ја пополнил единствената позиција на која немаат голем талент, додека со Оден би трпеле минутите на Ламаркус Олдриџ. Освен ако не се направи трејд со Зек Рендолф.

Сиетл ќе го ланпе тој што ќе остане, а Дурент би им бил идеална замена за Рашард Луис, кој не верувам дека од следната сезона ќе биде дел од Соникси.

И така доаѓаме до Атланта, која стварно не знам кого ќе избере. Има добра опција за робусен скокач во Ал Хорфорд, а можеби и ќе биде нешто од Ји Џианлиан. Ама, според мене, можеби би било подобро да се спакуваат 3. и 11. пик и тие да бидат трампани за некој поискусен играч. Можеби и да се додаде некој од сегашните млади играчи па да се рипне едно место погоре на драфтот. Се е можно, иако Џи-Емот на Хоукси не ми влевав никогап доверба.

Најголеми лузери годинава се Бостон и Мемфис, и ако мене ме прашувате, нека им е. И двете екипи во доста средби од вториот дел од сезоната свесно не даваа се од себе за да стигнат до Оден или Дурент, ама тоа им се одби од главата. Нека се тешат со шампионските банери во Бостон. Мемфис пак нема со што да се теши, ама па за нив ич не ми е криво.

ПС: За Јута и Сан Антонио и Гејм 2 стварно нема потреба да се пишува. Како што спомна Ритрај во еден коментар, а и како што пишав за утрешниот весник - Дежа ву. Ако покрај Бузер и Дерон не се најде трет играч со муда во Јута, серијата ќе заврши многу побрзо од предвиденото, а и дупките во одбраната како да не знаат како да ги затворат и како да се казнети да ги повторуваат своите грешки.

ПС2: Убаво беше пак да се види ослабениот Доминик.

10 comments May 23rd, 2007


Календар

May 2007
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории