Archive for May 19th, 2007

LOST - Game 7

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Верувам дека поголемиот дел од вас ја гледаше Гејм 6 cабајлево во Сан Антонио. Некои беа осудени да гледаат на Сител, но верувам дека храбро издржаа дружејќи се со Мјут копчето, додека оние среќници кои имаат Орбит ЕСПН по кабловски целосно уживаа во најдобрата серија во овој плеј-оф. Со оглед дека сите видовте што се случи, нема многу да го тупам. Идеме со неколку коментари за стварите кои мене ми ја одбележаа Гејм 6.

Дефанзивниот скок на Феникс, ако воопшпто можеме да зборуваме за такво нешто. Она што најмногу ги кочеше Санси да ја играат својата игра во оваа серија беше скокот во одбраната, кој кога го нема ја нема ни нивната брза игра во транзиција. Посебно се недозволиви скоковите во напад на Данкан по слободни на Спарси, па често и слободни на самиот Тимчо. Амари и Мерион се добри скокачи, но не во поставени ситуации. На крајот, тој скок беше една и од причините за елиминацијата. Секако не и главната.

Одбраната на Боувен и Спарси. Иако сабајлево го испофалија Брус на ЕСПН за одбраната врз Неш, мислам дека момакот заврши добра работа колку што Нешти му дозволи. Според мене, кога зборуваме за елитните играчи, тие ќе бидат задржани во нападот колку што самите ќе дозволат. Тоа беше најевидентно кога Стиви се разбуди во задња четрвртина, а Боувен го немаше никаде да го запре.

Нормално, никој не може да игра 48 минути силна одбрана, но сепак велам дека кога зборуваме за големи играчи со нив можете да одиграте најдобро што можете во дефанзива и да се надевате дека тоа ќе биде доволно барем малку да ги исфрлите од нивната стандардна игра. Кога сме кај таа одбрана, многу поголем акцент треба да се стави на одбраната на Спарси како екипа, посебно на Тимчо, кој секогаш кога Нешти ќе профучеше покрај Боувен, беше таму да го сачека на врв на полукругот за но-чарџ зоната.

Уште една ствар за Боувен. Не ми се верува како во НБА има место за таков тип на играч кој не знае да тргне на кош ако го покриат на тројка без да направи чекори. Освен тоа закотвување на тројките во аглите во секој напад, Брус нема некоја друга задача, ниту талент во нападот. Тоа кажува доволно колку квалитетни се момците кои играат околу него.

Чекори. Една од стварите кои ама ич не ми се јасни е како баш момците кои од мали нозе учеле како да не се направат кораци, ги прават најчесто во НБА. Од Борче, до Ману, Оберто и Носиони во Чикаго.

Клупата на Феникс. Како ли се осеќаат сега сите оние кои лани тврдеа како Санси ја заебале Атланта со трејдот на Диао за Џо Џонсон. По ланскиот одличен плеј-оф, Френчито цела сезона го нема нигде, а баш во оваа серија можеше да биде клучот на Феникс. Точно е дека камбекот на Амари му ја смени улогата, но тоа не е никакво оправдување за мизерната игра…

Слична енигма, барем во оваа серија ми е и Леандро Барбоса, кој не можеше ништо да направи да им помогне на Санси. Тоа е така пред се на спората позициона игра во која Барбоса не се снаоѓа баш најдобро. Изгледа серијава беше потврда за сите кои тврдеа дека во друга екипа тој би би играл по 40 минути и бил ѕвезда дека една серија со Лејкерси и рег. сезона не се мерило за тоа што може еден играч да го направи во плеј-офот. Леандрињо има уште доста да учи.

Ману. Колку и да е од ист калап како аргентинските фудбалери и гледа да додаде трошка глума во секој контакт, како сите малку да заборавија како Ману може да смени тек на една средба, а и цела серија.

Другиот Френчи. Тони Паркер е еден од најдобрите во лигата во поентирањето во рекет. Тоа посебно беше евидентно против Санси. Мислам дека нема така да биде и во серијата со Јута.

Суспензијата на Амари. Ова ќе остане нешто што секако ќе ја одбележи оваа серија, зошто скоро сите мислат дека поради тоа сме ускратени за неверојатна Гејм 7. Сепак, за некои 5-10 години ќе се памтат победниците, а не начинот на кој стигнале до таа победа.

Проклет да си Комесаре!!!

Има уште по нешто, ама сега не ми текнува. Слободно додајте во коментарите.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Фоткава е дело на Мис Госип, а мислам дека многумина од нас, без разлика за тоа што немавме карти за Гејм 7, се чувствуваме исто.

* * * * *

За крај, две галерии од досегашните две рунди.

- Славните фаци, од кои поголемиот дел во вттората рунда од Ел-Еј се пресели во Оукленд.

- И секогаш супер галериите со чирлидерки.Уживајте.

ПС: Кливленд ја имаше среќата да игра со пациенти како ослабените Визардси и слабите Нетси во првите две рунди. Сега е време за вистинскиот предизвик - Детроит, за кој да го поминат ќе им треба да одиграат перфектно. И пак да се молат дека тоа ќе биде доволно.

ПС1: Кој ќе навива сега за Јута:))

ПС2: Кога веќе ги спомнав ЛОСТ. Сега ќе ги гледам последните две епизоди пред двочасовното финале на сизон три оваа среда, кое според најавите би требало да биде страшно.

14 comments May 19th, 2007


Календар

May 2007
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории