“Синдикалецот” вели…
by Syndicate
Зашто лесно кога може тешко? Со овој тим на Детроит, ништо не се знае. Можеби е и подобро така?
Откако им дозволија на Булс да бидат тепани на сред Мо-сити, дојдоа и ја претворија арената у Чикаго у црква. У средношколска училница среде тест по математика.
Изгледаше едноставно на теренот, што и да направат Чикаго, што и да свирнат судиите, оваа утакмица им припаѓа на Детроит.
Чикаго и не направи многу, особено ако се земе фактот дека да не беше Браун, Пистонс ќе имаа минимум +15 на полувреме. Особено ако се земе фактот дека постигнаа 4 поени во првите 10 минути од четвртата четвртина, кога поените и нешто значеа и можеа да допринесат за некаков си пресврт. Особено ако се земе во предвид дека Хајнрих, Ноcиони и Гордон не можеа да погодат битен скок-шут и животите да им висеа на конец. Тотална конвулзија, да не кажам choking.
Детроит играше класична утакмица. Стиснаа у одбрана, се врати Рип, Чонси презеде кога е потребно, имаа помош од клупа у Хантер, кој беше лидер на тимската енергија во втората четвртина, што и реално е најдобро време за некој од клупа да ти блесне. Мекдајс никад не го пронајде ритамот серијава, но беше некаков фактор у трета четвртина, со скокови и присуство и одбрана. Се надевам дека ќе се поправи тоа, а Мекдајс ќе се затвори у соба со пуканки, кока-кола и ќе гледа многу снимки од натпревари на PJ и ќе учи како се гаѓа омилениот шут од создадена позиција.
Волaс беше присутен. Она што сезоните пред оваа го правеа заедно со лузерот од спротивниот тим, оваа сезона го прави скоро сам. А тоа е да им помага на помалите колеги од позадина у дифенс моуд. (За Бен велам лузер, затоа што беше апсолутно небитен во оваа серија, особено вчера кога се што можеше да прави е да гледа во семафорот и да ја изведува својата препознатлива “fish in a bowl” рутина со устата. Неговите слободни фрлања у клучен момент можеа да го намалат водството на 5. Изглеа Joe Dumars и не ебаш тиква као што викаат, а?
Вебер беше… Вебер. Овој пат стигна до Чикаго, ама изгледа си поминал супер у Албукерки пред некој ден, па се на тоа мислеше…
Принс беше Д Мен. Го закопа Чикаго, а Денг го фрли у дупка и го покри со цел шлепер цемент. Хук-шот. Суит!
За сите скептици кои навиваа за Чикаго… Сори. Можам да разберам зашто Детроит не ви се обожаваниот тим, ама да навивате за Чикаго?
Реално на Сан Антонио никој не може да му парира као Детроит. Ама да се навива ЗА ЧИКАГО?! За Булс кои ко ќе ја фатат топката у 1 секунда од напад, можам да затворам очи и да ги отворам у 15-та секунда и да знам точно каде е топката и каде е кој играч и шо прави? Једно, те исто, једно, те исто, шо би рекола Рамбо Амадеус.
За да го гледам Кирк фром Шајар кој нема трунка емоција? За да гледам како иде PJ на положување, во нешто што може да се окарактеризира само како двочекор од Хелрејзер? За да го гледам Носиони? Или пак ултра-мега-лејм скок-шутот за Денг, кој заедно со наградата за фер-плеј ја доби и наградата за најголем зевачко-индуцирачки играч во лигата? Не сфаќам стварно. Нејсе.
На крајот, Детроит останува да се надева на седма на ЊЏ - Кавс, и да го очекува и да се надева на големото Финале. Ако имаат сила и пред се желба, ќе бидат шампиони по втор пат за време на оваа мини-династија која ја создадоа. Rightfully so.
Но, со овој тим, не е лесно и никад ништо не се знае. Така, за нас… е дефинитивно подобро! =)
14 comments May 18th, 2007

