Archive for May 11th, 2007

Фотка на неделата 25 - ЕКИПИШТЕ

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ако и имаше некој сомнеж, после она што го покажаа синоќа, мислам дека никој не може да им го поништи на Пистонси статусот на најсилен колектив во НБА. Нешто што Булси очајно сакаат да бидат, но го избраа погрешниот пристап со фрлањето на 60 милиони на “не толку Биг“ Бен Волас.

Да беше до него, Детроит ќе си го задржеше, вака си води 3-0, уште нема пораз во плеј-офот и за разлика од лани е апсолутен фаворит за шампион на Истокот, а како што играат, нема да ме изненади и да се повтори 2004 година.

Ме чуди целото правење флешови и најавување на новото ривалство помеѓу Детроит и Чикаго, како она од крајот на 80-те и почетокот на 90-те. На крајот тоа испаѓа и крајно смешно, зошто за да има било какво ривалство се потребни две екипи, а во оваа серија игра само една. Плус, Бед Бојси против Булси на Мајкл беа стравно страшни дуели. Буквално страшни.

27 comments May 11th, 2007


Календар

May 2007
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории