Ди-Фенс

Кој би рекол дека Феникс знае да игра одбрана. И тоа не против било кого, туку против Спарси. Куртчо го фати еден на еден Тимчо, без удвојувања, што знаечеше без простор за Тони и Ману, а Мерион го затвори Паркер, ала Пипен - Марк Џексон.
Клучот на оваа серија за Спарси, која за разлика од прогнозите на многумина од вас, далеку е од готова, е играта на Ману, кој го немаше нигде на овие две средби. Паркер нема да може да изигра секоја вечер како на првата средба, а и Данкан со таквата игра на Тончи и Ману повеќе ќе се мачи.
Феникс ја има таа незгодна навика да одигра слаба прва утакмица во серијата, како и прва во гости, ама тоа ќе мора да го сменат во сабота. Што верувам и дека ќе се деси.
МВП пак изигра како МВП со 20 поени, 16 асистенции и бааги фластер на носот.

ПС: Се игра баскет и на Истокот. Барем така викаат, иако до сега не видов ништо ни од Нетси, а ни од Булси. Леброн ѕвер синоќа, а Саша Павловиќ им е икс-факторот на Кавси во овој плеј-оф.
7 comments May 9th, 2007