Their devotion is matched only by their delusion
Изјавите на Коби и неговата исфрустрираност со стагнацијата и неуспесите на Лејкерси се нешто што не го спомнавме, од сосема разбирлива причина, а тоа е плеј-офот и посветувањето внимание на тимовите и играчите кои се дел од него. Коби, а ни Лејкерси веќе тоа не се.
После изјавите на Коби дека ова лето мора да има драстични промени, со што целосно се сложувам, фановите на Лејкерси почнаа да фантазираат и да си прават свои листи од играчи кои би сакале да ги видат во Ел-Еј. Како и пред година дена, прв на таа листа е Кевин Гарнет, кој ништо чудно летово да ја напушти Минесота, а фановите на Лејкерси дури и отворија и посебен сајт посветен на темава.
Што би рекле на YAY!, “Their devotion is matched only by their delusion”.
Но, Вулфси сигурно ќе бараат многу за Кеј-Џи, а Лејкерси немаат што да понудат. Се спомнуваа Никси како можен нов клуб на Гарнет, а во секоја шпекулација со него поврзан е и Џермејн О’Нил, кој можеби е пореална мета за Лејкерси.
Како и да е, тие кои не играат плеј-оф, се занимаваат со шпекулации.
9 comments May 8th, 2007
