Фрст блад, Плачковците од Сан Антонио, сумњиви судии, “расечена носна коска“, “Младиот Леандро“, “Ентони Паркер“ и Сител има статистичар

Не случајно ми беше мило кога Џои Крафорд го избрка Тимчо Роботчо затоа што овој го блееше како теле кога Далас ги тепаше Спарси пред крај на регуларниот дел од сезоната. Не зашто Тимчо заслужи, туку затоа што тој и Спарси се тимот кој најмногу во лигата ги обработува судиите и најчесто е во нивна милост поради тоа. Знам, чудно.
Ама, од Поп, па преку Ману, Тимчо, Тони и Хори, сите во Сан Антонио секоја можна судиска одлука ја користат да направат притисок врз судиите, нешто што Џои Крафорд не го сака, но и нешто што синоќа им упали.
Во основа ретко се занимавам со судиите, ама имаше неколку одлуки кои стварно беа сумњиви, а посебно ми беше смешна намерната лична на “Леандрињо Барбоса или како што американците го викаат Јанг Леандро или да ви преведам, тоа би било нешто како - Младиот Леандро кај нас“. Смешки.
Ај што нашиот “коментатор“ не знаеше дека е досудена намерна на Леандро, не знаеше ни за техничката на Јаварони на полувремето. Да не зборам за тоа што во НБА се карактеризира како намерна.
Баш тие две одлуки ми беа сумњиви. Ај што Јаварони лапна техничка, додека играчите се загреваа. Ама фаулот на Леандро над Паркер никако не смееше да биде намерен. Намерен фаул се свири во ситуации кога сакате противникот да го испратите на слободни, а играчот кој го фаулирате не е ни блиску до баскетот. Школски пример за тоа се фаулите на Мајами над Бен Волас во четвриот дуел на Булси и Хит (или ХИТСИ!!!), кога во Мајами мислеа дека со тоа ќе добијат шанса да им се доближат на Булси. Арно ама, ни во тие ситуации немаше досуден намерен фаул.
Нормално, има и др. ситуации кога се свири намерен, ама судиите вчера овој го окарактеризираа како таков за каков што пишав погоре.
Тоа нормално дека го разбесни Бркот, а судиите свесни дека ја усрале немаа муда да му дувнат техничка иако добро се слушна неговото Булшит х 3.
Е сеа, и покрај тоа не дека Спарси не си ја заслужија победата. Посебно поради мноооогу подобриот скок, одличниот Паркер, а и Данкан (кого судиите го сакаа синоќа), а и Финли, кој го замени ефектот на Ману како трета опција, иако покрај Тимчо и Тони и не им требаше многу трет човек.
Амари ја усра на крајот со двата обиди на сила, а и реализацијата од поле му беше ужасна. Мислам дека ќе биде бољи, исто како и Барбоса, во следните средби.
Никој не може да знае дали се ќе беше целосно понаку ако на Неш не му беше расечен носот по сударот со тимбата на Тони. Но, сигурно е дека без МВП-то на теренот во финишот Санси беа како муви без глави и не знаеа што во нападот. Сепак, такви ствари се дешаваат, иако ретко. Санси вчера беа баксузите, но кој знае, можеби среќата ќе им се сврти во следните средби.
Како и да е, очекувам максимално интересна серија и се надевам на седум утакмици. За доброто на кошарката, а Јута и голден Стејт сигурно навијаат за Феникс.
ПС: Иначе, Сител има статистичар!!! , носната коска на Неш била напукната, исто како и јагодичната коска.
Мајка му сигурно била таа која последен пут Тони (Паркер) го нарекла Ентони (Паркер). Кој бтв, игра во Торонто.
БЕДНО.
29 comments May 7th, 2007