Хронологија на неуспехот…или обратно
25 comments May 4th, 2007

Ете зошто Дирк за мене не е МВП. Се изгуби и лани кога Мајами ја сврте серијата на 2-2, а се изгуби и во овој плеј-оф кога им беше најпотребен на Мавси. Да, да, МВП се доделува за рег. сезона, ама играч кој не може да преземе контрола над судбината на својот тим во пет од шест утакмици во една серија, и тоа против тим кој едвај се пласираше во плеј-офот, не смее да биде МВП.
За задњава текма има доста да се пишува, но фактот е тој дека Дончо во душа ги познава и Дирк и Ејвори и Мавси, од кои па и не видов дека имаат нешто многу душа. Третата четвртина заврши работа, а свака им част на Џекес Џексон, Берон, Биедринс и остатокот од Вориорси.
Свака му част на организираниот хаос на Нелсон, кој веројатно сака повеќе да се сретне со Јута него со Хјустон во 2. рунда. Иако, како што играат сега, полни со самоувереност, тоа и не е толку битно.
Свака и част и на публиката во Оукленд која целосно си заслужи конечно да биде пак дел од плеј-офот и да биде дел од првата елиминација на прв тим од осми во серија до четири победи.
Мавси можат слободно да напишат книга за ментални колапси.
15 comments May 4th, 2007
На полувреме изгледа како да ќе имаме екстра финиш до самиот крај, а да не беше Стекхаус и неговите 18 поени за 15 мин., Далас уште сега ќе беше во крајно незгодна ситуација. (Ко сега да не е).
Малер за Вориорси може да бидат проблемите со препоната на Берон, кој стисна зуби и игра, иако се гледа дека не е на 100%.
Дирк пак го нема нигде. Дончо одлично ја постави играта за Швабата да има што помалце контакти со топката околу рекетот, ама во такви ситуации се се сведува на агресивност, а Дирк за сега тоа не го покажува.
Далас немаше погоден шут за два во прва чет., ама па затоа убација шест тројки. Ништо послаби за три не се ни Вориорси.
Почнува второ.
2 comments May 4th, 2007
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Apr | Jun » | |||||
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||