Archive for May 3rd, 2007

Сребренио

Малце оф д НБА топик. Летово, поточно за мојот роденден, е светската премиера на вториот дел на Фантастик Фоур. Само по себе тоа и не е нешто посебно, ако вториот дел, кој би требал да биде многу бољи од првиот, не му е посветен на пристигнувањето на земјата на мојот омилен, или еден од омилените, ликови од стрипови - Норин Раад ака Силвер Сурфер…Голтачот на планети и лик каков на кој што му нема ни сличен во било кој друг стрип.

ПС: А и Џесика Алба фино го надополнува филмот. Визуелно.

9 comments May 3rd, 2007

Плави картони

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Секој кој очекуваше нешто друго да се случи синоќа нека застане, земе длабок здив, се напие чаша вода, па со плавите картони во најблиската здравствена установа.

Спарси и осумте тројки на Финли завршија работа против Денвер, по втор пут во последниве три години 4-1 откако ја изгубија првата дома. За Нагетси, како се конструирани, и тоа е доста. Ален и Мело пак со мизерен шут од игра, посебно Ајверсон.

Феникс не одигра како што знае, ама за овие Лејкерси и тоа е доволно. Џабе им на Коби и Одом кога немаат со кого да играат, а и они многу не ги прават другите околу себе подобри. Коби одма после утакмицата даде неколку изјави во кои бара подобар тим за догодина. Со право.
Иначе, Лејкерси немаат добиено плеј-оф серија од 2004 година, истата година кога го трампаа Шек во Мајами. Случајност? Никако.

Сега следи првиот екстра дуел во овој плеј-оф меѓу Сан Антонио и Феникс. Но, пред тоа, вечер ќе се гледа како Далас се снаоѓа во лудиот Оукленд. Пред тоа ќе ги ѕирнам и Хјустон и Јута.

6 comments May 3rd, 2007


Календар

May 2007
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории