Archive for April, 2007
од планираните две и пол утакмици сабајлево, што поради ненаспаност и пречки на некои канали, изгледав една плус една четвртина. И баш онаа која требаше да биде најдосадна и ич не ми се гледаше испадна најинтересна, барем на крајот.
Во одлична атмосфера во Торонто ем беше прославен Мичел како Тренер на годината, ем Репторси изедначија на 1-1, ем тепаа во плеј-оф по пет години пауза. Плус, конечно им се разигра Ентони Паркер, кој беше одличен, како во одбрана, така во напад. Бош после слабиот старт почна да владее во рекетот со Мајки Муровци, Џош Буновци и Џејсон Колинси.
Сепак, останува фактот дека таа четворка на Истокот, заедно со идниот противник Кливленд и Вашингтон е убедливо најслаба во плеј-офот оваа година. Првата четвртина синоќа беше мизерија до коска, а остатокот не беше нешто премногу подобар, со исклучок на задњите минути кои многу лесно да завршат полошо за Торонто. Но, ок, е вака имаме каква таква-серија, а со подобрата клупа на Репторси и моторот од неа Калдерон, се е можно.
Иначе, Картер ко Картер - мифка. Ај што глуми некое лудило и сака во секоја ситуација да изнуди фаул, него и наместо да тргне на влез секогаш кога ќе му се отвори простор, а тоа е често, тој си се дига на тоа чудните шутеви. Штета за таков талент.
* * * * *
Мајами-Чикаго ја гледав едвај, со едно чудо пречки пред целосно да се замрзне сликата. Она што го видов ме натера да помислам една ствар:
- Дали Двејн Вејд со тоа што игра повеќе му штети отколку што му користи на Мајами?
На утакмиците на кои го гледав Мајами сезонава без Вејд тие играа целосно тимски со спуштање на Шек и трчање ко луди без топка. Вака, сите се статични, малку се игра преку Шек, а Вејд ја пимпла и го зарибува скоро секој напад. Очигледно е дека не е ни на 70% и прашање е дали Рајли треба да го седне на клупа.
* * * * *
За Феникс-Лејкерс нема потреба да се пишува.
April 25th, 2007
Па што ако Јута губи со 2-0 против Рокетси. Клуб кој има вакви фанови низ светот, треба да се плаши за својата иднина. Шваба до коска.
ПС: Можам да замислам во оваа улога и некои фанови на Лејкерси. Од земјава:)
ПС1: Вечер сигурно ги гледам првите две, а третата тешко, ипак треба да се оди на работа. Ако случајно имам време ќе шкртнам нешто.
ПС2: Сем Мичел е “Коуч оф д Јир“. Некој да спомнеше само вакво нешто пред стартот на сезоната, па и негде во декември, одма ќе го сместеа во лудница. Свака част, Семчо, иако и тоа можеби нема да му биде доволно да добие нов договор. Бизарно.
April 24th, 2007
DaqwIj bItu’pu’ chay’ g ghorgh H wejpuH ‘ tlhIH
April 23rd, 2007
Note: Ова „плејоф-сезоната“ е кражба од Игор Трпевски, за оние што биле лишени од задоволството да гледаат пренос на Сител.
Note no.2: Шепард из бек
Идеме текма по текма
Кливленд - Вашингтон
Овдека нема што многу да се збори, Визардси без Аринас се беспомошни, така што малку бесмислено ми е да се задржувам на овој дуел.. е малце загрижува ноџето, односно глуждчето на ЛеБрон (ако навивате за Кавс) ама сигурен сум дека све тоа ќе биде санирано. Јас кога видов, малку се потресов додуша..
Сан Антонио - Денвер
Па Ајверсон и Кармело можеле да играат заедно и да дадат све од себе; очигледно серијата кон крајот на сезоната и табањето на Спарси пред почетокот на разигрувањето не биле случајни. Некако ми се чини дека ерата на роботите ќе замре. Покрај мрга како Кемби и уште едно говедце како Нене`, Данкан синоќа беше целосно неутрализиран, и генерално, Денвер го натскока Сан Антонио, и згора на тоа 61 поен на тандемот 3&15.. отиде предноста на домашен терен..

Далас - Голден Стејт
Она што сите се обидуваа да го занемарат, вклучувајќи ме и мене, е тоа што Вориорси годинава се единствениот непоразен тим од Далас (ако не се лажам
). Изведувајќи постава во која Ал Херингтон фигурира ко петка, со Џекес на четворка, Дон Нелсон пак го зезна својот бивши помошник, а за да биде целосна фрустрацијата кај домаќините, се потруди Берон Дејвис со 33 поени, 14 скока, 8 асистенции.. и 3 украдени топки. Новицки тотално угушен, Мавс од поле вкупно 35% и само 4 поена од клупа (Стакхаус нула), се доволно да се заклучи дека Ејвори мора да ги шамара пред гејм 2. Или они него.
Феникс - Лејкерс
Уткамицата што имавме чест да ја проследиме на Сител, уствари боље и да не ја гледавме. ОК, ова од аспект на навивач на Лејкерси. А сега малце објективно.
Првото полувреме заврши со предност на Лејкерси благодарејќи на ужасно слабите Санси. Јас дури се изненадив како толку се изнапромашуваа и како не успеваа да ги казнат грешките на ЛА. Му фати раката на Коби и со тројките на крајот на втората четвртина, набрзинка успеа да ги избоцка тотално цела постава на Феникс сосе навивачите, ама па тоа кај нив делува стимулирачки, и уште во трета четвртина се виде каде води пато.. Амари се напизди, а капак на све беше Барбоса (кого органски не го поднесувам), кој против Фармар, Смуш, Вујачич, па и малку индолентниот Коби во второ полувреме, не му беше тешко да ги реализира сите тие шашми.. За на крај, Коби да посере све што направи во првиот пола саат од натпреварот, и на крајот Феникс доби меч кој требаше да си го изгуби

Мене лично, не ми се допадна политиката (баш политика онака) на Фил Џексон со Смуш на клупа. Сепак Фармар е НБДЛ калибар, грд е и има клемпави уши.. Квами ко Квами, подобро да глуми у рап спотови него на терен, Бинам малце изненади со самопоуздањето ама има леееееб да јаде, Одом никогаш нема да го сфатам, што му е целта во животот, а и Коби богами.. кај Феникс, шашмите си се шашми, Мерион ги утепа со тоа грдиот шут, Барбоса со сета своја радост и игривост тотално измрда све од гаќици, Неш напраил фрка дур да трепнеш.. да се надеваме дека ЛА ќе се консолидираат, оти во спротивно серијата ќе заврши уште во Стејплс на гејм 4. Кај е сега Груевски..
April 23rd, 2007
Со два дена задоцнување, еве ја и Фотката на неделата. Од плеј-офот е, ама не од нешто што се дешаваше на паркетот. На оваа лепа фотографија го имате триото Расел, Герардини, Доукинс и мислам дека не е тешко да се погоди кој е Италијанец, нормално, не од аспект на тен него на стил на облекување.
Доукинс отсекогаш бил лик кој немал никаков вкус за облекување, така да не изненадува затворсково одело. Но, тоа не е главен моменат на фоткава. Тој епитет и припаѓа на белата чарапа на дедо Бил искомбинирана со класична ципела, такозвана Шуњалица. Класика. А-ла Мајкл Џексон пред некои 20 години. Шуњалица форевер.
ПС: Хјустон и Детроит си тепава дома.
April 22nd, 2007
Свака му част на Динка, а и на Булси што поведоа со 1-0 против шампионот.
Денг беше одличен, а и Бен Гордон и Носиони го пратеа во чекор.
Капетан Кирк имаше бедна вечер, веројатно една од најслабите во кариерата, ама за негова среќа имаше кој да го извади и да игра и за него.
Сепак, гледајќи ја првата средба некако ми се чини дека Мајами ќе се разбуди и ќе иде даље. Можеби и ќе тепа веќе на следната во Чикаго.
Булси имаа среќа со трите смешни фаули кои судиите му ги дувнаа на Шек, кој беше ѕвер во 1. полувреме.
Бен е дрво. Не, Бен е црепотина. Типот има игра во напад…не. И пак во еден шут од три метри прво погоди во горниот дел од таблата. Бедотија од…ќе кажев играч за малце.
На неколку моменти дури и проба да го чува Шек.
Вејд не е Вејд. Очигледно е дека е на некои 60-70%, иако и таков на крај беше голем проблем за Булси. Му фали експлозивност и веројатно од тоа и од третманот на судиите кон Шек ќе зависи оваа серија.
April 21st, 2007
Ова на брзинка дури е тајм-аут во Чикаго….
Првата плеј-оф утакмица на Крис Бош, а и на скоро сите други Репторси помина онака како што сите што беа облечени во црвено во Торонто не сакаа. Оние 12 типци во црвени дресови се исклучок.
Не дека Нетси беа нешто, посебно не Картер кој беше труба во камбекот во Канада. А и му трубеа цело време кога го имаше баскетот во раце.
Првата плеј-оф утакмица сезонава беше тапа. Мајами - Чикаго сигурно ќе бидат бољи. И се, барем после првава четвртина.
Кога сме кај Торонто, ова беше првата плеј-оф утакмица како тренер и за Сем Мичел. Толку од предноста на домашен во оваа серија.
April 21st, 2007
Next Posts
Previous Posts