Мавси - Шмавси
Далас едноствано не знае како со Вориорси. Берон (никако БАЈРОН), конечно е здрав и тоа се одразува на Голден Стејт, кој е права ноќна мора на тактички план за Мавси. Кога Ејвори ќе проба со својата стандардна постава со Диоп на центар, Дончо Нелсон и неговата пониска постава ја користат брзината. Кога Ејвори ќе проба со иста таква ниска постава, им паѓа во рацете на Вориорси, кои се мајстори во таквата игра.
Нема кој да го чува Берон, а и Џеј-Рич и Џекес Џексон се одлични во оваа серија. Само уште да научат да ги контролираат емоциите и ќе имаме страшно изненадување.
Далас од друга страна, ќе мора да ни докаже на сите дека рег. сезона не беше само случајност и дека менталниот колапс од ланското финале беше лекција која ја научија, а не која се спремаат да ја повторат.
Пред се мислам на Дирк, кој мора да покаже дека може да биде лидер. Од тоа што го видов до сега, не ми делува способен за тоа и може слободно да зима часови кај Берон.
Тука негде би го убацил и муабетот за МВП, ама ај да не матиме вода, наградата си е за регуларната сезона, а и гласовите веќе недела дена како се собрани.
* * * * *
Нешти = 17 поени и 23 асиста!!! Амари = 27 поени и 21 скок!!! Иди после играј против нив. И многу подобри екипи од Лејкерси не би можеле да се носат со овие Санси, кои кога ќе влезат во ритам, како што рече Флајт, се како вирус од кој нема спас.
Лејкерси, реално, се бедни како екипа, и летово Купчак ќе мора да се испоти и да им донесе на Коби и Фил играчи кои ќе си ја знаат работата. Со Смушевци, Фармари, Туриафи, Шемонди и компанија, толку.
* * * * *
За Мајами, се што напишав по третиот пораз, важи и сега. Ќе биде интересно на Флорида летово, а од она што денеска слушнав, иако е малку веројатно, Мајами би можел да се обиде да го намами Билапс, кој е слободен играч, како и Рашард Луис од Сиетл, кој мислам дека одлично би се вклопил. И тоа не само кај нив, него кај доста екипи на кои им треба еден играч за најважниот исчекор напред. Но, тоа е друга тема за која ќе има време летово.
* * * * *
Кид се обидува да стане првиот играч по 2002 год. кој во една серија во плеј-офот имал трипл-дабл во просек. Последен на кој тоа му пошло од рака - Џејсон Кид во серијата со Бостон. Ѕверотина.
26 comments April 30th, 2007
