Archive for April 28th, 2007

16-16-19

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

16-16-19 -Маестро. И тоа на 34 години. Само уште Вилт, Фет Ливер и мислам Биг О имале слични партии во плеј-оф. Капа доле, царе.

ПС: Капа доле и на Вориорси, кои имаат потенцијал за едно од најголемите плеј-оф изненадувања на сите времиња. Посебно ми е мило за Берон. Сега во Дизни сигурно спремаат сценарио за класично америчко спортско филмче. Вориорси нека се глумат самите себеси, имаат комплетен текст бук скуп на ликови.

Замислете и двата лански финалисти да испаднат во втора рунда? Како што стојат сега работите, и тоа нема да ме изненади. Мајами е пред крајот, а Далас ќе мора да покаже дека може да се носи со Голден Стејт.

16 comments April 28th, 2007

Доста им е…

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Како може некој да се надева да победи кога не може да искористи едно чудо изгубени топки на противникот, не може за жива глава да погоди за слободни, не знае да сочува плус 12 во второто полувреме, не знае тие 12, иако има едно чудо шанси да ги направи плус 15-20 и на крајот, не знае да одигра ама баш ништо освен обична изолација во нападот за играчот кој кај не е 100%, него и е далеку од било каква ланска форма.

Ни еден тим не се вратил од 0-3, па нема ни Мајами. После ужасот од сезона со разни повреди и операции, кај на Шек и Вејд, и на Рајли, повеќе од Мајами би било чудо. Многу поголемо од ланското кога со геритријата од состав ја освоија првата титула.

Булси се помлади, побрзи, подлабоки и на крајот, едноставно подобри. Шек на моменти вчера беше стариот и конечните 23 и 13 се доказ на тоа, ама нема снага, а и Мајами тактика и други играчи за тој да биде ефектен цела утакмица. Вејд често силуваше, и колку што неговите 28 поени ги одржаа шампионите во игра, толку и неговите грешки ги враќаа чекор по чекор назад.

За остатокот од тимот нема што да се каже. Вокер со тоа фолирањето и фрлањето, па ако влезе - влезе, посебно на влез, Џејсон Вилијамс, кој нит знаел, нити ќе знае што е тоа плеј, Хаслем кој не знае да се движи во напад кога Шек ќе прими топка, Капоно, Еди, Морнинг итд…Само Поузи се бореше сите 48 минути, ама од него - толку.
Ипак, најголем кривец за се е Залижаниот. Не знам како толкави години како тренер, и тоа трофеен, го оправдуваат Рајли и неговите нула од напади, не само сабајлево, него и во цела серија. Да не се знаело да се изротира баскетот и да се отвори Капоно или Еди на тројка, кога Шек е удвоен. Да морало Вејд да ја пимпла 15 секунди од нападот. Да нема една единствена пик енд рол акција. Никој да не утрча кога ќе се спушти баскетот на Шек. Итд…И тоа многу итд…

Се надевам дека за доброто на клубот, Рајли летово ќе си се врати во канцеларија и ќе најде тренер кој ќе знае да ги искористи своите играчи. А и тие треба да се сменат, откако Зо, Пејтон и се надевам Вокер ќе идат по пензии. Ќе треба да се тутне некому во трејд Вилијамс и уште многу други работи.

Ќе им треба време да се средат.

Што се однесува до Булси, свака им част. Победија и покрај толкуте загубени топки и и покрај тоа што беа како муви без глави во еден добар дел од средбата. Делумно за тоа е крив и Мајами, ама и Булси, кои не се предадоа до крајот, а со Гордон, Денг, Хајнрих и Носиони, плус момците од клупата веќе не се тим на иднината. Нивното време дојде.

5 comments April 28th, 2007


Календар

April 2007
M T W T F S S
« Mar   May »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Архива

Категории