Archive for April 27th, 2007

Квами не е Квами, бесилка за Хјустон и Јута

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

И покрај тоа што се најавуваше пред, а и по првата четвртина, решив да станам сабајлево во 04:50 за да ги фатам Санси и Лејкерси по прв пут во Ел-Еј во нивната серија. Ми се гледаше поради фактот дека третите средби по некое непишано правило се клучни за секоја серија, посебно ако губите 0-2. А и често се интересни за гледање, освен ако играат Јута и Хјустон, ама за тоа малце покасно.

Како тргна, си реков дека следи уште едно очекувано мачкање на Лејкерси, ама типот што е по мачкање, Квами Браун, не беше свој и беше главен фактор во камбек-победата на Лејкерси. Да, Квами. Коби имаше 45 поени, ама тоа што не се дига галама околу тоа само е доказ за неговата големина. Ламар Одом пак беше страшен во скокот. Ама Квами бе, Квами беше човекот. Да не поверуваш. Што е следно? По 100 поени од Јута или Хјустон една утакмица?

Сепак, и покрај оваа победа тешко дека Лејкерси можат да направат чудо, не со такви папаци во екипа. Феникс не игра две слаби средби по ред, а последните три четвртини им беа исти како првите две во првата во Феникс. Лејкерси и Зенот имаат нешто што го вади најлошото од Санси, само што немаат оружја за тоа да го спроведат во дело на седум утакмици во серија.

Како и да е, Лејкерси се во живот до недела, најмалку. Дуелот бр. четири веројатно нема да биде добар како ланскиот бр.4, ама никад не се знае. Сигурно е дека ќе се гледа.

ПС: Не ставам слика од Квами.

* * * * *

Каква серија е таа меѓу Јута и Хјустон? Ај што се знаеше дека нема да биде за гледање, ама е и цела антипропаганда за тоа што треба да биде НБА плеј-офот. САМО ЧЕТИРИ ИГРАЧИ НА ХЈУСТОН ПОСТИГНАА ПОЕНИ СИНОЌА!!! САМО ЧЕТИРИ!!! Ако се знае дека двајца од нив се Јао и Трејси (50 заедно), само уште двајца (Батие и Алстон) ги додадоа уште тие 17 поени од конечните 67 на Рокетси. Иначе, нивни нов негативен плеј-оф рекорд.

Не дека Јута играла нешто добро во напад, ама одбраната завршила работа. Оваа серија како и што се предвидува ќе ја добие тимот со предност на домашен терен, мада не мора тоа да биде 100% сигурно. Сега и во Солт Лејк Сити и Хјустон веројатно ќе даваат гратис пици и Биг Мекови кога ќе поминат 80 поени. Бедотија од кошарка.

* * * * *

Детроит - Орландо 3-0. Никој не е изненаден. Сигурно.

36 comments April 27th, 2007


Календар

April 2007
M T W T F S S
« Mar   May »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Архива

Категории