Репторси се живи, Мајами не баш, Лејкерси такоџе

од планираните две и пол утакмици сабајлево, што поради ненаспаност и пречки на некои канали, изгледав една плус една четвртина. И баш онаа која требаше да биде најдосадна и ич не ми се гледаше испадна најинтересна, барем на крајот.
Во одлична атмосфера во Торонто ем беше прославен Мичел како Тренер на годината, ем Репторси изедначија на 1-1, ем тепаа во плеј-оф по пет години пауза. Плус, конечно им се разигра Ентони Паркер, кој беше одличен, како во одбрана, така во напад. Бош после слабиот старт почна да владее во рекетот со Мајки Муровци, Џош Буновци и Џејсон Колинси.
Сепак, останува фактот дека таа четворка на Истокот, заедно со идниот противник Кливленд и Вашингтон е убедливо најслаба во плеј-офот оваа година. Првата четвртина синоќа беше мизерија до коска, а остатокот не беше нешто премногу подобар, со исклучок на задњите минути кои многу лесно да завршат полошо за Торонто. Но, ок, е вака имаме каква таква-серија, а со подобрата клупа на Репторси и моторот од неа Калдерон, се е можно.
Иначе, Картер ко Картер - мифка. Ај што глуми некое лудило и сака во секоја ситуација да изнуди фаул, него и наместо да тргне на влез секогаш кога ќе му се отвори простор, а тоа е често, тој си се дига на тоа чудните шутеви. Штета за таков талент.
* * * * *

Мајами-Чикаго ја гледав едвај, со едно чудо пречки пред целосно да се замрзне сликата. Она што го видов ме натера да помислам една ствар:
- Дали Двејн Вејд со тоа што игра повеќе му штети отколку што му користи на Мајами?
На утакмиците на кои го гледав Мајами сезонава без Вејд тие играа целосно тимски со спуштање на Шек и трчање ко луди без топка. Вака, сите се статични, малку се игра преку Шек, а Вејд ја пимпла и го зарибува скоро секој напад. Очигледно е дека не е ни на 70% и прашање е дали Рајли треба да го седне на клупа.
* * * * *
За Феникс-Лејкерс нема потреба да се пишува.
8 comments April 25th, 2007