Qapla’
DaqwIj bItu’pu’ chay’ g ghorgh H wejpuH ‘ tlhIH
26 comments April 23rd, 2007
Note: Ова „плејоф-сезоната“ е кражба од Игор Трпевски, за оние што биле лишени од задоволството да гледаат пренос на Сител.
Note no.2: Шепард из бек
Идеме текма по текма
Кливленд - Вашингтон
Овдека нема што многу да се збори, Визардси без Аринас се беспомошни, така што малку бесмислено ми е да се задржувам на овој дуел.. е малце загрижува ноџето, односно глуждчето на ЛеБрон (ако навивате за Кавс) ама сигурен сум дека све тоа ќе биде санирано. Јас кога видов, малку се потресов додуша..
Сан Антонио - Денвер
Па Ајверсон и Кармело можеле да играат заедно и да дадат све од себе; очигледно серијата кон крајот на сезоната и табањето на Спарси пред почетокот на разигрувањето не биле случајни. Некако ми се чини дека ерата на роботите ќе замре. Покрај мрга како Кемби и уште едно говедце како Нене`, Данкан синоќа беше целосно неутрализиран, и генерално, Денвер го натскока Сан Антонио, и згора на тоа 61 поен на тандемот 3&15.. отиде предноста на домашен терен..

Далас - Голден Стејт
Она што сите се обидуваа да го занемарат, вклучувајќи ме и мене, е тоа што Вориорси годинава се единствениот непоразен тим од Далас (ако не се лажам
). Изведувајќи постава во која Ал Херингтон фигурира ко петка, со Џекес на четворка, Дон Нелсон пак го зезна својот бивши помошник, а за да биде целосна фрустрацијата кај домаќините, се потруди Берон Дејвис со 33 поени, 14 скока, 8 асистенции.. и 3 украдени топки. Новицки тотално угушен, Мавс од поле вкупно 35% и само 4 поена од клупа (Стакхаус нула), се доволно да се заклучи дека Ејвори мора да ги шамара пред гејм 2. Или они него.
Феникс - Лејкерс
Уткамицата што имавме чест да ја проследиме на Сител, уствари боље и да не ја гледавме. ОК, ова од аспект на навивач на Лејкерси. А сега малце објективно.
Првото полувреме заврши со предност на Лејкерси благодарејќи на ужасно слабите Санси. Јас дури се изненадив како толку се изнапромашуваа и како не успеваа да ги казнат грешките на ЛА. Му фати раката на Коби и со тројките на крајот на втората четвртина, набрзинка успеа да ги избоцка тотално цела постава на Феникс сосе навивачите, ама па тоа кај нив делува стимулирачки, и уште во трета четвртина се виде каде води пато.. Амари се напизди, а капак на све беше Барбоса (кого органски не го поднесувам), кој против Фармар, Смуш, Вујачич, па и малку индолентниот Коби во второ полувреме, не му беше тешко да ги реализира сите тие шашми.. За на крај, Коби да посере све што направи во првиот пола саат од натпреварот, и на крајот Феникс доби меч кој требаше да си го изгуби

Мене лично, не ми се допадна политиката (баш политика онака) на Фил Џексон со Смуш на клупа. Сепак Фармар е НБДЛ калибар, грд е и има клемпави уши.. Квами ко Квами, подобро да глуми у рап спотови него на терен, Бинам малце изненади со самопоуздањето ама има леееееб да јаде, Одом никогаш нема да го сфатам, што му е целта во животот, а и Коби богами.. кај Феникс, шашмите си се шашми, Мерион ги утепа со тоа грдиот шут, Барбоса со сета своја радост и игривост тотално измрда све од гаќици, Неш напраил фрка дур да трепнеш.. да се надеваме дека ЛА ќе се консолидираат, оти во спротивно серијата ќе заврши уште во Стејплс на гејм 4. Кај е сега Груевски..
17 comments April 23rd, 2007
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Mar | May » | |||||
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||