Фотка на неделата 22 - ШУЊАЛИЦА форевер

Со два дена задоцнување, еве ја и Фотката на неделата. Од плеј-офот е, ама не од нешто што се дешаваше на паркетот. На оваа лепа фотографија го имате триото Расел, Герардини, Доукинс и мислам дека не е тешко да се погоди кој е Италијанец, нормално, не од аспект на тен него на стил на облекување.
Доукинс отсекогаш бил лик кој немал никаков вкус за облекување, така да не изненадува затворсково одело. Но, тоа не е главен моменат на фоткава. Тој епитет и припаѓа на белата чарапа на дедо Бил искомбинирана со класична ципела, такозвана Шуњалица. Класика. А-ла Мајкл Џексон пред некои 20 години. Шуњалица форевер.
ПС: Хјустон и Детроит си тепава дома.
21 comments April 22nd, 2007