Ѕверот Динка, Вејд не е Вејд

Свака му част на Динка, а и на Булси што поведоа со 1-0 против шампионот.
Денг беше одличен, а и Бен Гордон и Носиони го пратеа во чекор.
Капетан Кирк имаше бедна вечер, веројатно една од најслабите во кариерата, ама за негова среќа имаше кој да го извади и да игра и за него.
Сепак, гледајќи ја првата средба некако ми се чини дека Мајами ќе се разбуди и ќе иде даље. Можеби и ќе тепа веќе на следната во Чикаго.
Булси имаа среќа со трите смешни фаули кои судиите му ги дувнаа на Шек, кој беше ѕвер во 1. полувреме.
Бен е дрво. Не, Бен е црепотина. Типот има игра во напад…не. И пак во еден шут од три метри прво погоди во горниот дел од таблата. Бедотија од…ќе кажев играч за малце.
На неколку моменти дури и проба да го чува Шек.
Вејд не е Вејд. Очигледно е дека е на некои 60-70%, иако и таков на крај беше голем проблем за Булси. Му фали експлозивност и веројатно од тоа и од третманот на судиите кон Шек ќе зависи оваа серија.
9 comments April 21st, 2007
