Фотка на неделата 21 - Адријан Дентли дочека
Со оглед на тоа дека во НБА ама баш ништо посебно не се дешаваше последниве недела дена, освен можеби серијата на Денвер, да му одадеме почит на човекот кој уште чека на своето место во “Куќата на Славните“ кое одамна си го заслужи.
Јас го начекав Адријан Дентли на залез на кариерата, но и тогаш важеше за еден од најопасните играчи во лигата. (Без некоја посебна причина, секогаш го мешав со Марк Агваер). Во Јута конечно му ја признаа големината и му го повлекоа дресот со бр. 4 таман кога се сретнаа со тимот во кој Дентли сега е помошен тренер (Нагетси).
Останува уште НБА следната година да му ослободи место во Хол оф Фејм, за каде ни самиот Дентли не знае зошто уште не му дошол редот.
24 comments April 13th, 2007

